Црна хроника
Тешко повреден скопјанец, со тротинет удрил во пешак
На 12.10.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од С.К.(53) од Скопје, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец лажно пријавил дека бил нападнат и ограбен
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
На 31.08.2024, пријавениот во ОВР Дебар лажно пријавил дека, додека на патот Дебар – Струга се движел со патничко возило „фиат добло“, сопственост на брза пошта од Скопје, бил пресретнат од друго возило од кое излегле неколку лица и со употреба на физичка сила му одзеле пари од дневниот промет на поштата.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: кривична за 62-годишен маж од Злетово
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.С.(62) од Злетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 16.08.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, при што употребил и тврд предмет.
Црна хроника
Гостин од Австрија паднал од балкон во хотел во Охрид
Вчера во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот. Се работи за лицето M.K.(49) од Австрија, кој бил во друштво со С.Ф.В.(40) од Бразил.
Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда. За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.