Македонија
Митева најави скок на платите во образованието за 46%
Новата портпаролка на Владата, Марија Митева денеска на прес конференција најави скок на платите во образованието за 46%.
„Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година.
Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.. Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот, рече Митева и додаде:
„Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања. Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи“, вели Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

