Европа
„Тесла“ се запали по несреќа во Франција, телата на четири лица изгореле до непрепознатливост
Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа во Франција, откако нивната „Тесла“ удрила во знак и се запалила, соопшти полицијата.
Полковникот Ерик Хоарау, портпарол на локалната полиција, изјави дека допрва треба да се утврдат точните околности за несреќата што се случи во саботата вечерта во близина на градот Ниорта и дека истрагата е во тек.
„Сè сугерира дека возилото излетало од патот“, рече Хоарау. Тој потврди дека нема сведоци, што ја отежнува истрагата, пренесува Анадолија.
Тој нагласи дека возачот и тројца сопатници изгореле до непрепознатливост. Тесла не одговори на барањето за коментар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Прага ги забрани ноќните туристички тури во баровите: „Не сакаме тие што доаѓаат да се опијанат“
Прага ги забрани тури во барови организирани од туристички компании, во обид да ја спречи бучавата што ја создаваат пијаните туристи, пренесува Политико.
Забраната, која ја усвоија градските советници, значи дека вечерните обиколки во баровите и пабовите каде што туристичките групи ги обиколуваат просториите веќе нема да бидат можни меѓу 22 часот и 6 часот наутро, јавуваат чешките медиуми.
Во предлогот на градот се наведува дека „неразумното консумирање алкохол и однесувањето во пабови може да создаде впечаток на недостаток на култура во заедницата, да го намали чувството на сигурност и да има негативно влијание врз перцепцијата на градот од страна на туристите, потенцијалните инвеститори и граѓаните“.
Заменик-градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, им рече на новинарите дека „нема да биде можно да се организираат тури со водич навечер“, додека неговиот колега, исто така заменик-градоначалник Јиржи Поспишил, рече дека градот „бара покултурни и богати туристи, а не оние кои доаѓаат само на кратко да се опијанат“.
Жителите на центарот на Прага долго време се жалат на бучава и несигурност поради масовниот туризам. Улиците се полни со пабови и пивски сали во земјата која бележи најголема потрошувачка на пиво по глава на жител во светот.
Европа
Русија го ракетираше Миколаев, едно лице загина
Најмалку едно лице загина, а 16 се повредени во ракетен напад што го изврши руската војска во областа Миколаев во Украина.
Виталиј Ким, шеф на Воената управа на Миколаевската област, изјави дека Русија го нападнала регионот со ракети С-300/400.
Тој изјави дека руската армија во текот на ноќта го нападнала градот Миколаев со ракети С-300. „Оштетени се зградата, ресторанскиот комплекс, комерцијалните објекти, куќите и возилата. Избувнал пожар. Во нападот загинала една жена, а 16 лица се повредени“, изјави Ким.
Вадим Филашкин, шеф на воената управа на регионот Доњецк, ја сподели информацијата дека во вчерашниот руски напад врз регионот се повредени пет цивили.
Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека синоќа Русија ги нападнала украинските позиции со седум противвоздушни ракети „С-300/400“ во Миколаев, две ракети „Х-59“ во областите Чернихив и Суми и 17 „Шахед“ тип беспилотни летала“ низ целата земја.
Европа
(Видео) Експлозија на автомобил-бомба во Москва, тројца повредени, меѓу кои и едно дете
Три лица се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Москва, главниот град на Русија.
Moscow, Russia ❗
Businessman Viktor Mishachev, who previously owned shares in the bars "Coyote Ugly" and Dirty Dance Bar, was blown up 💥 in Moscow!!!
An IED exploded on an SUV on Profsoyuznaya Street in Moscow!
The bomb, disguised as trash, was on the hood of the car, the… pic.twitter.com/6SoRW1Tgul— LX (@LXSummer1) October 15, 2024
Руските власти објавија дека бомба поставена под автомобил експлодирала во југозападна Москва.
Од експлозијата повредени се три лица, меѓу кои и едно дете, а возилото е оштетено.