Македонија
Ахмети им честита на Албанците и на Рама за отворањето на преговорите со ЕУ
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска го коментираше отворањето на преговорите меѓу Албанија и Европската унија преку отворањето на првото преговарачко поглавје.
„Одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа. Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот Еди Рама и на целиот тим кој неуморно работеше на отворањето на првото преговарачко поглавје. Се надевам дека Албанија ќе работи напорно кон остварување на целта за членство во Европската унија во 2030 година.
Мора истотака да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија.
Мораме да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност.
Немаме друга алтернатива! Европа е нашиот единствен пат“. пишува Ахмети на својот официјален Фејсбук профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска Давкова во Дихово: Руралните жени се хероини на кои треба да им се восхитуваме и да ги поддржуваме
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Меѓународниот ден на руралната жена се обрати на трибината на тема „Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“, што во организација на Националната федерација на фармери се одржа денеска во битолското село Дихово.
Во своето обраќање, претседателката заблагодарувајќи се на жените од руралните средини, посочи дека нивната улога не е само да придонесуваат во земјоделието, како една од најзначајните стопански гранки, туку далеку поширока. „Јас се гордеам со луѓето што живеат во руралните средини. Македонија била рурална држава. Храната била и ќе остане стратешка цел, покрај енергијата“, рече претседателката.
Истакнувајќи дека тие вложуваат енормен труд, без или со минимален надомест, претседателката ги потенцираше бројните проблеми и предизвици со кои се соочуваат жените: системската дискриминација, недостиг на инвестиции и донации во земјоделството, неплатена домашна работа и скратен дневен, неделен и годишен одмор, отсуство на здравствено осигурување за време на бременост, недостиг на социјална грижа заради непокриеност со детски установи, нецелосна и несоодветна здравствена заштита, недостиг на домови за стари лица, непоседување на имот, слабата инфраструктура, отсуство на редовен превоз, неинформираност, како и е несоодветната и неправична заработка.
Таа истакна дека не смееме да дозволиме руралните жени да бидат вештачки хендикепирани и фрустрирани и дека се потребни измени на Законот за работни односи и Законот за здравствено осигурување. Во таа насока таа порача и дека економските и социјалните политики мора да ги земат во предвид потребите на најранливите категории.
Потенцирајќи дека најпогодени се жените од сиромашните земји, таа порача дека суштинска е поддршката и охрабрувањето на женското претприемништво, менторството и лидерство, додавајќи дека успешните жени, како во политиката и економијата, така и во руралните средини треба да бидат инспирација.
„Не смееме да ги занемаруваме трудот, вештините, секојдневниот ангажман на оние што придонесуваат не само за благосостојбата на семејството, туку и на заедницата и на општеството. Со право велат дека животот на жените лидерки од руралните средини е 24 часовен ангажман, битка со земјата, љубов со земјата, со производството на храна и секојдневна битка и соживот со природата. За мене, жените од руралните средини се апсолутните лидерки, хероини на кои треба да им се восхитуваме, но не е доволно само да се восхитувате, туку треба да ги поддржуваме и да ги помагаме, индивидуално, институционално и на секаков начин. Поддршката на руралните жени е поддршка на македонското село, поддршка на запирање на процесот на иселувањето, поддршка на земјоделството, поддршка на македонската економија, но и поддршка на македонската иднина“, рече во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.
Таа посочи дека покрај актуелните безбедносни и економски кризи, климатските промени може да имаат огромно влијание врз руралните средини, односно врз производството на храна, што уште повеќе ќе ја загрози кревката економска и егзистенцијална положба на руралната жена. Од тие причини, додаде претседателката, покрај глобалниот одговор мораме да дејствуваме локално. „Ако ни се заканува суша треба да размислуваме за штедење на водните ресурси, да инвестираме во брани и акумулации, да имплементираме современи системи за наводнување, да користиме исплатливи технологии. Во од треба да се прилагодуваме на состојбите, за да не се соочуваме со катастрофи“, рече претседателката во обраќањето.
Таа изрази задоволство од изборот на нашата земја за членка во Советот за човекови права, додавајќи дека женските права се човекови права, правата на руралните жени се човекови права, и дека можеме да ги решаваме не само локално, национално, регионално и европски, туку и на ниво на Обединетите Нации.
Целта на трибината е да се истакне важноста на улогата на жените од руралните средини за земјоделскиот и руралниот развој на нашата земја и можностите за нивно економско зајакнување.
Македонија
Јакимовски до Јаневска: Се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење на училиштата во Карпош во висина од 8.3 милиони денари, за да можат децата да имаат нормално затоплување.
„Не знам дали министерката доволно добро го чита законот, не знам дали и е доволно познато, дека сите обврски за функционирање на училиштата, а тоа значи за електрична енергија, за водоснабдување, за ѓубретарина, за тековно-инвестиционо одржување надлежно си е министерството за образование. Тоа што министерството за образование не си предвидело доволно пари во буџетот за училиштата во општина Карпош е исклучиво вина наминистерот за образование. И не знам зошто се обидува да ја префрли топката на локалната самоуправа, прозивајќи ме мене дека сум можел да се снајдам. Овде не е потребно снаоѓање. Овде е потребно министерот за образование да си ги обезбеди парите за да можат децата од училиштата на територија на општина Карпош да имаат нормално затоплување, како што имаат сите деца во светот.
Се прашува министерката како е можно само во општина Карпош да нема доволно средства за затоплување, а сите останати општини да имаат
доволно. Многу едноставно министерке. Од времето на Груевски постојано кратевте кај општина Карпош, а постојано додававте кај вашите
градоначалници. И ова ви се провлекува постојано. Минатата година плативме 6 милиони денари, оваа година 8,3 милиони денари нема да ви ги
платиме. Ќе си ги обезбедите вие од министерство за образование. Ако имавте за Мајка Тереза 35 милиони евра, ќе штрбнете малку од таму и ќе обезбедите средства за да ги платите сметките, рече Јакимовски.
Градоначалникот ја праша министерката, ако навистина е негова обврска да го плаќа греењето во училиштата, зошто тогаш министерството дава пари за истото?
„Сакам да прашам, ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари? А, ако е нејзина обврска да се подмират трошоците за затоплувањето, зошто тогаш бара и општината да контрибуира во плаќањето на сметките? Зошто останатите општини не го трошат буџетот за да плаќаат затоплување, туку тоа мора да го прави само општина Карпош? Овој дискриминтароски однос кон општината трае веќе подолго време, но наместо да се смирува, таа ескалира. Општината презела се за да ги намали трошоците во училиштата.
Сите училишта да се реконструираат, на сите училишта се ставени фасади, секаде се сменети прозорите. Во најголем дел од училиштата
ставивме фотоволтаици. И тоа било обврска на министерството за образование. Еве прашање до министерката. Нека провери во последните
15 години, колку денари имаат дадено за тековно или инвестиционо одржување? Немаме никогаш денар добиено. Се тоа прави локалната
самоуправа. И на крајот прашањето, зошто постои министерството за образование? Тие трошат 5,5 милијарди евра, а ние со 8 милиони евра треба да ги покриеме сите трошоци, вклучувајќи ги и дупките кои ни остава министерството, смета Јакимовски.
На барање на новинарите да ја искоментира изјавата на министерката каде вели дека „блок дотациите се исплатени, понатаму обврска на
општините е како ќе ги менаџираат тие средства“, градоначалникот одговори: „Замислете сега, северџанката министерка мене ќе ме учи како да ги менаџирам парите. Парите што ми ги дала сме ги префрлиле на училиштата. Како да ги изменаџираме? Еве се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите. Потрошиле училиштата 100 банки, а таа дала 2 банки. Попросто има ли од тоа? Тие средства не се доволни ни од далеку“, објави Јакимовски.
Македонија
13 игротеки затворени, кај некои имало хигиенски недостатоци, на 32 им се изречени глоби по контролите на Агенцијата за храна
Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјата.
Со контролите опфатени беа 92 игротеки, при што беше утврдено дека 16 од нив не се регистрирани во АХВ како оператори со храна, информираат од Агенцијата.
„Кај 8 инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.
Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи“, се потенцира во соопштението.
За утврдените недоследности, како што појаснуваат од Агенцијата, издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, привремено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се глоби.