Црна хроника
Се судрија мопед и електричен тротинет во Куманово: 19-годишна девојка тешко повредена
Синоќа во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од А.А.(19), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец крадел струја: на бандера поставил механичко броило
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.М.(49) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
На 04.07.2024, вработени во ЕВН-Тетово извршиле контрола на електрични броила на ул.„Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, при што било констатирано дека пријавениот на бандера пред куќа поставил механичко броило без одобрение на ЕВН со што користел електрична енергија без контрола и мерење на потрошена електрична енергија.
Црна хроника
Малолетнички се степале во скопски Аеродром
Во СВР Скопје било пријавено дека на 12.10.2024 околу 22.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетнички од Скопје.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Скопјанец измамил тетовец: му ветил возило од Германија за 750 евра
Вчера во 10.00 часот во СВР Тетово, 45-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од А.Л.(44) од Скопје за сума од 750 евра.
Според пријавеното, на 24.08.2024 А.Л., сопственик на правен субјект од Скопје, го довел во заблуда и му ветил дека за еден месец ќе му изврши транспорт на патничко возило од Сојузна Република Германија, а тој за услугата му ги дал парите.
Откако поминал договорениот термин и не му било донесено возилото, сфатил дека е измамен. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.