Свет
Мелони: Рим дава пример со испраќањето мигранти во трети земји за да ги процесираат барањата за азил
Италија дава пример за другите европски земји со тоа што испраќа мигранти во трети земји за да ги процесираат нивните барања за азил, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони. Мелони пред Сенатот на италијанскиот парламент рече дека испраќањето мигранти во двата мигрантски центри изградени од Италија во Албанија претставува, како што рече, „нов, храбар, невиден начин, но кој совршено го одразува европскиот дух“.
Првата група мигранти, составена од 10 државјани на Бангладеш и шест Египќани, беше спасена во морето во близина на Либија во неделата, а в среда треба да пристигне во Албанија. Мигрантите во Албанија се превезуваат со бродот на морнарицата „Либра“. Центрите за мигранти во Шенѓин и Ѓадер на северот на Албанија почнаа да функционираат минатата недела, пренесуваат локални медиуми.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Пјантедози, во саботата изјави дека првите мигранти ќе пристигнат оваа недела во двата мигрантски центри, што Италија ги изгради на територијата на Албанија.
Пјантедози им рече на новинарите дека нема да има свечено отворање на центрите за мигранти, наведувајќи дека центрите во Албанија ќе бидат слични на оние во Италија со режими на „мек притвор“. Нема бодликава жица, има здравство“, посочи Пјантедози.
Според него, сите мигранти може да поднесат барање за меѓународна заштита во овие центри и може да ја добијат во рок од неколку дена. Мигрантите што беа спасени од меѓународните води и кои се обидуваат да стигнат до Италија со бродови и чамци ќе бидат сместени во два мигрантски центри во Албанија.
Според најавите, во овие центри нема да има жени, деца или ранливи групи. Едниот центар е во Шенѓин на северот на Албанија, а другиот е во блискиот Ѓадер, на местото на поранешната воена база.
Со центрите целосно ќе управува италијанската влада, која платила за нивната изградба. Повеќе од милион мигранти стигнале до Италија по море во изминатите 12 години, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Босна и Херцеговина, се почувствува и низ цела Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина утрово околу 9:15 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар северозападно од Мостар или 11 километар југозападно од Јабланица, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
– Наеднаш посилно се тресеше, кратко траеше – пишува човек од Широки Бријег на апликацијата EMSC. Коментари имаше и од југот на Хрватска. Тие наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван на Имотски, Макарска и други места.
– Се почувствува силна бучава и потреси – наведуваат граѓаните на Босна и Херцеговина.
Европа
Германците објавија план во случај на војна со Русија
Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и воени сценарија кои директно би влијаеле на земјата. Според весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт.
Еден од клучните елементи на овој план е соработката со приватниот сектор за обезбедување снабдување и одржување на функционалноста на клучните сектори во случај на криза. Неодамна во Хамбург се одржа средба со претставници на логистички компании, на која воените власти презентираа насоки за подготовка во кризни ситуации. Беше истакнато дека логистиката ќе има клучна улога во овозможување мобилизација на силите и зачувување на стабилноста во земјата. Според ФАЗ, Бундесверот составил листа на приоритетни објекти и инфраструктура кои треба да бидат заштитени во случај на војна, вклучувајќи транспортни центри, магацини и енергетски системи.
Според сценариото кое предвидува одговор на НАТО на потенцијален конфликт со Русија, планирана е мобилизација на дури 800.000 војници и 200.000 возила преку германска територија. Јасно е дека за таква операција е потребно исклучително прецизно планирање и координација со цивилниот сектор, пишува ФАЗ.
Овие мерки доаѓаат во контекст на растечките геополитички тензии, особено по руската инвазија на Украина.
Освен Германија, други европски земји ги засилуваат подготовките за непредвидливи сценарија. Нордиските земји, како што се Шведска, Финска и Норвешка, исто така ги советуваат своите граѓани како да се подготват за потенцијални кризни ситуации, вклучително и обезбедување основни залихи со храна и вода.
Германското Министерство за одбрана редовно ги ажурира своите планови, приспособувајќи ги на промените во безбедносната средина.
Свет
Орбан рече дека ќе го покани Нетанјаху да ја посети Унгарија: Налогот за неговото апсење е погрешен
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за Нетанјаху „воопшто нема да биде разгледан“.
Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас Ибрахим Ал-Масри за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.
Орбан, чија земја претседава со ЕУ до крајот на годината, изјави за државното радио дека налогот за апсење на МКС е погрешен.