Македонија
13 игротеки затворени, кај некои имало хигиенски недостатоци, на 32 им се изречени глоби по контролите на Агенцијата за храна
Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјата.
Со контролите опфатени беа 92 игротеки, при што беше утврдено дека 16 од нив не се регистрирани во АХВ како оператори со храна, информираат од Агенцијата.
„Кај 8 инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.
Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи“, се потенцира во соопштението.
За утврдените недоследности, како што појаснуваат од Агенцијата, издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, привремено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се глоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

