Скопје
Без струја неколку скопски општини

Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од неколку скопски општини.
– Во период од 08,00ч до 15.00ч дел од корисниците во ЧОЈЛИЈА: фабрика Пјурели Плант, фотоволтаци Нордик, Еуровиа, Енерџи Груп во индустриска зона Чојлиа (општина Илинден)
– Во период од 08,30ч до 11.30ч дел од корисниците од ул. Крсте Асенов, ул. Добри Даскалов, дел од бул. Христијан Тодоровски Карпош (општина Чаир),
– Во период од 11.30ч до 14.30ч дел од корисниците од ул Ресенска, дел од ул. Втора Македонска Бригада, дел од ул Кемал Сејфула (општина Чаир)
– Во период од 09.00ч до 15.00ч дел од корисниците од с. Сопиште ( ул 134 кај гробиштата) (општина Сопиште).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Ѓорѓиевски на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина: „Заедно создаваме одржлива иднина“

Градоначалникот на oпштина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, денес присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на животната средина. Настанот се одржа под мотото „Заедно создаваме одржлива иднина“ и опфати низа активности насочени кон унапредување на одржливите политики и практики во заштитата на животната средина.
„Денес, на покана на првиот вицепремиер Изет Меџити, присуствував на настанот на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, под наслов ‘Заедно создаваме одржлива иднина’. Програмата вклучуваше конференција со две панел-дискусии кои беа фокусирани на одржливото управување со заштитени подрачја, одржливото управување со отпадот и примената на современите зелени технологии.
Имавме чест да видиме и неколку презентации од учениците од Скопје и Македонија, кои се дел на ГЛОБЕ програмата со мрежата за искуствено учење, со акцент на значењето на искуственото еколошко образование во оформување на свесни и одговорни генерации поддржано од УНИЦЕФ и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Нека заштитата и унапредувањето на животната средина и понатаму останат да бидат врвен приоритет, кој ќе резултира со нови парковски површини на места каде што постојат депонии, со акции за чистење и за пошумување, со едукација за правилна селекција и одложување на отпадот и бројни иницијативи за подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Заедно можеме“, истакна претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
(Фото) ЈКП „Гази Баба“ доби нова механизација

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈКП Гази Баба Игор Атанасовски направија промоција на новата механизација за ЈКП Гази Баба, извести Општината.
Механизацијата се состои од две возила и тоа: специјализирано возило за метење и миење на јавните површини и теренско товарно возило.
Специјализираното возило ќе даде значителен придонес кон зголемувањето на чистотата на јавните површини, преку редовно метење на улиците во урбаните средини, додека товарното возило ќе биде ставено во функција на интервенции на терен во руралниот дел на општината каде што ЈКП Гази Баба има надлежност за оддржување на водоводните и канализационите системи, се додава во соопштението.
„Среќен сум што од денес во функција на ЈКП Гази Баба, а преку тоа во директна служба на граѓаните ставаме две нови возила. Ова не е прва инвестиција во ЈКП Гази Баба во изминатите четири години, ЈКП Гази Баба доби значајни инвестиции во механизација и опрема, кои не само што го подобрија квалитетот на услугите, туку и го трансформираа претпријатието во модерна и ефикасна институција – вистински сервис на граѓаните“, изјави градоначалникот Стефковски.
Директорот на ЈКП Гази Баба Игор Атанасовски, упати благодарност до градоначалникот Стефковски за поддршката и инвестициите кои се реализираа во изминатиот период.