Спорт
Кантона удри по челниците на Јунајтед: Би ги фрлил сите во кеса со г***а
Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона се огласи по повод случувањата во клубот.
Сер Алекс Фергусон веднаш по завршувањето на тренерската кариера остана во Манчестер јунајтед, стана глобален амбасадор на клубот, според кој добиваше над два милиони фунти годишно.
Во вторникот, косопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф, директор на нафтената компанија Инеос, неформално го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платниот список, пишува „Атлетик“.
Причина за ваквиот потег е намалувањето на клупските трошоци.
Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ од клупата од 1986 до 2013 година, освои 13 титули во Премиер лигата, пет ФА Купови и два трофеи во Лигата на шампионите.
Одлуката на Ретклиф предизвика многу реакции во јавноста, а Кантона беше најнемилосрден кон актуелната администрација.
„Сер Алекс Фергусон требаше да прави што сака во клубот до денот кога ќе умре. Толку малку почит. Скандалозно! Сер Алекс Фергусон ќе биде мојот шеф засекогаш! Би ги фрлил сите во една голема вреќа со г***а “, напиша Кантона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бен Једер обвинет за силување, одбраната ги шокира сите: алкохолот е виновен, јас сум жртвата
Во Ница започна судењето на поранешниот играч на Монако и француската репрезентација Висам Бен Једер. Висам Бен Једер е обвинет за сексуален напад во алкохолизирана состојба, а обвинителството побара казна од две и пол години затвор.
„Господинот Бен Једер ја сметаше жртвата за парче месо“, рече обвинителот на судењето на 34-годишниот фудбалер, кој беше уапсен на 6 септември во неговиот дом во Кап д’Ау.
„Не се сеќавам на ништо, не можам да кажам дали го направив тоа. Алкохолот е причината поради која сум тука. Искрено и се извинувам на жртвата, нејзиното семејство, моето семејство“, изјави во своја одбрана најдобриот стрелец на Монако на почетокот на судењето.
Пресудата ќе биде објавена на 12 ноември.
„Поради алкохолот на ништо не се сеќавам, ме натера да престанам да размислувам… Сфаќам дека ја направив најголемата грешка во мојот живот“, изјави на суд фудбалерот, кој играше 19 пати во Франција, признавајќи ја својата зависност од алкохол.
Одбраната на Бен Једер пред судот изјави дека фудбалерот се приклучил на анонимните алкохоличари и бил подложен на двонеделен третман за детоксикација во Универзитетската болница во Ница.
Еден од адвокатите на фудбалерот сакаше на суд да ја објасни лошата лична ситуација која ја доживеа Бен Једер, кој беше предаден од неговиот поранешен агент, измамен од неговиот финансиски менаџер, во моменти кога му се распаѓаше бракот.
“Јас сум осамен човек, тешко ми е да им верувам на луѓето. Ме изневерија многу пати. Спасот го барав во алкохолот”, рекол Бен Једер.
Бен Једер нема намера да ја заврши кариерата, иако има 34 години се надева дека ќе најде клуб откако ќе ги реши проблемите со законот и алкохолот.
Најдобриот стрелец на Монако на сите времиња наводно веќе добива понуди од европските тимови во јануарскиот преоден рок.
Спорт
Меси: Се чувствувам како дете, Аргентина ме мотивира
Лионел Меси блескаше во убедливата победа над Боливија, во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.
Аргетнина ја прегази Боливија на „Монументал“ со 6:0, Меси постигна хет-трик и забележа две асистенции.
– Уживам, многу сум среќен. Ме води ова чувство. Без разлика на годините, се чувствувам како дете. Многу ми е конфорно со овој тим. Се додека се чувствувам добро и продолжам да пружам вакви партии, ќе уживам – изјави Меси.
Иако има 37 години, еден од најдобрите во историјата на фудбалот сè уште нема намера да се пензионира.
– Немам одредено датум, само сакам да уживам во ова. Мотивиран сум повеќе од кога било да играм за Аргентина. Ја чувствувам љубовта на народот. Уживам кога знам дека секој натпревар може да ми биде последен.
Меси против Боливија го забележа 10-ти хет-трик во репрезентативната кариера.
Спорт
Колку чинат повредите на играчите? 800 милиони долари
Водечките европски национални фудбалски шампионати загубија над 800 милиони долари минатата сезона поради зголемениот број повреди на врвните фудбалери, се вели во извештајот што го објави спортската осигурителна компанија „Хауден“.
Во извештајот се наведува дека во петте најсилни лиги во Европа, англиската, шпанската, германската, италијанската и француската, минатата сезона имало вкупно 4.123 повреди.
Трошоците за повреди се базираат на пријавените плати на повредените играчи.
Бројот на повреди од година во година се зголемува, а се поврзува со зголемениот број на натпревари, а во извештајот се наведува дека може да се очекува „трендот да оди по нагорна линија“.
Објавувањето на извештајот доаѓа еден ден откако синдикатот на играчи и европските лиги поднесоа формална жалба до Европската унија против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради зголемениот број на натпревари.
Во извештајот се вели дека има „загрижувачки тренд“ со играчи помлади од 21 година кои страдаат од зголемен број сериозни повреди.