Контакт

Регион

Се огласи Клиничкиот центар во Сараево за смртта на девојчето по вадење заб

Објавено пред

Шеснаесетгодишно девојче почина на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) кога доживеа тешки компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Во врска со овој трагичен настан КЦУС излезе со соопштение.

„Колективот на КЦУС изразува искрено сочувство до семејството по повод овој немил настан, смртта на шеснаесетгодишно девојче. Како професионалци, колку и да сте подготвени, смртта е секогаш тежок удар, особено кога станува збор за млад човек. Поради оваа причина, раководството на КЦУС и Министерството за здравство на кантонот Сараево побараа да се спроведе внатрешен стручен надзор над целокупниот третман на пациентот со цел да се утврдат сите околности и точниот тек на лекувањето“, пишува во соопштението на КЦУС, пренесуваат медиумите во регионот.

Во написите потсетуваат дека по извршена стоматолошка процедура во приватна ординација, девојката добила сериозни компликации поради што итно била префрлена во КЦУС. И покрај сите напори на лекарскиот тим да ѝ го спасат животот, таа починала.

Точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата, а од Обвинителството на кантонот Сараево потврдија дека се поведени истраги во врска со овој случај.

„Постапката е во тек, се преземаат дејства со цел да се утврдат сите околности на смртта. Со оглед на тоа дека се работи за малолетно лице, Ообвинителството во моментот не може да даде повеќе информации“, велат од обвинителството за „Н1“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Дачиќ: Целта на Приштина е да го намали бројот на Срби на Косово

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека целта на властите во Приштина е што е можно повеќе да се намали бројот на Србите на Косово, да се избрише нивната перспектива и да се создаде свест кај нив дека нема опстанок за нив.

dobivaj vesti na viber

Дачиќ во интервју за „Вечерње новости“ изјави дека тоа се долгорочните цели на косовскиот премиер Аљбин Курти, кој не обрнува внимание на постигнатите договори во процесот на дијалогот, пренесува „Косово онлајн“.

Дачиќ додаде дека меѓународната заедница првпат дошла до израз кога Курти морал да направи одредени отстапки и да ја укине забраната за српска стока и изјавил дека Курти тоа го направил само затоа што меѓународната заедница го уценувала со статус во некои регионални организации.

Тој посочи дека единствено прашање е дали меѓународната заедница сака да изврши влијание.

„Првпат сега се случи западните и источните земји, Европската Унија, САД, Германија, Русија и Кина да се согласат со предлозите што ги изнесе претседателот Александар Вучиќ“, рече Дачиќ.

Осврнувајќи се на изјавата на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, дека Србија го повлекла писмото во кое се оградила од спорните делови од Охридскиот договор, Дачиќ рекол дека за тоа слушнал од новинските записи и дека нема информации, но посочи дека Србија има јасна политика дека ќе ги спроведе оние делови од договорот со кои се согласила.

„Не се согласивме со деловите од договорот што се однесуваат на статусот на Косово, кои се однесуваат на де јуре и де факто признавање и членство во меѓународни организации. Нашата политика не се смени ни трошка сите овие години“, нагласи Дачиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Амбасадорот на Кина: Кинеско-српските односи во моментот се во најдобриот период во историјата

Објавено пред

Амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг, рече дека Кина и Србија се челични пријатели и дека во последните години ги продлабочиле политичката и меѓусебната доверба, цврсто ги поддржуваат меѓусебните витални интереси за важни прашања и заеднички го зачувуваат меѓународниот поредок, правичност и правда.

dobivaj vesti na viber

Амбасадорот Ли во интервју за денешниот „Новости“ вели дека двете земји имаат плодни резултати од практична соработка и голем број големи проекти.

Тој посочи дека Кина е подготвена, заедно со Србија, дополнително да го реализираат важниот консензус постигнат меѓу двајцата шефови на држави и оти кинеско-српските односи во моментот се во најдобриот период во историјата.

Прикажи повеќе...

Регион

Малолетници во Сараево упатувале закани за бомби до училиштата, тројца уапсени

Објавено пред

Полицијата во Сараево денеска го потврди апсењето на двајца малолетници, кои упатиле закани со бомби во училиштата, а претходно за ова е приведен уште еден малолетник, но заканите со бомби продолжуваат да пристигнуваат што ја отежнува наставата, а родителите на учениците бараат поодлучни мерки за заштита.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти во средата Министерството за внатрешни работи на округот Сараево, малолетници се осомничени дека вчера и порано лажно пријавувале постоење експлозивни направи во средните училишта и други објекти во кантонот Сараево.

„Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи, експерти за сајбер-безбедност од Федералната полициска управа и кои дејствуваат под надзор на окружното Обвинителство продолжува интензивно да работи на овие случаи“, соопшти полицијата додавајќи дека им помага и Разузнавачката служба во идентификувањето на лицата што испраќаат закани – Агенција за безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).

На почетокот на неделата беше идентификуван и уапсен уште еден малолетник за кој истрагата утврди дека е автор на десетици закани упатени до училиштата. Утврдено е дека тој упатувал закани дури 40 пати.

Детали за идентитетот не се објавени поради законските одредби што ги штитат малолетниците во вакви случаи, а од Обвинителството најавија дека по 24-часовен притвор, ќе одлучуваат за натамошниот тек на постапката.

Училишниот систем во Сараево веќе две недели се соочува со секојдневните закани со бомби, па наставата мора да се прекинува секој ден во некои од училиштата, а противдиверзантските полициски екипи потоа поминуваат часови во увид во училишните објекти, пренесуваат локалните медиуми.

Досега во ниеден случај не се пронајдени експлозивни направи, но училиштата се обврзани да ги почитуваат пропишаните протоколи, кои ги обврзуваат да ги евакуираат училишните простории по добиените закани. Претходно беше потврдено дека сите досегашни закани пристигнале по електронска пошта.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ46 минути

Oбид за убиство во Македонија поради имот

Полицијата поднесе кривична пријава против Р.Ц.(59) од Македонски Брод поради убиство во обид. „На 13 октомври во семејна куќа во...

Македонија3 часа

Лога за Филков: Тој е затворен во кабинетот од својата шефица, која не му дозволува да комуницира

За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а министерството го раководи Радица Лазареска Геровска, со која целото...

Македонија3 часа

„Тука е девојчето што го барате, ако дознае Палчо, ќе ме убие“ – обвинетиот им покажал на полицајците каде е закопана Вања

На денешното судење за убиството на Вања и Панче обвинетиот Влатко Кешишов го однел сведокот Музафер Каришиќ до местото на...

Македонија4 часа

Јакимовски: Има средства да се финансира академија на науки и уметности на Албанците, а нема да се обезбеди парно за учениците во Карпош

Не може да се штеди на грбот на граѓаните и децата на територија на општина Карпош. Вчера градоначалниците Албанци од...

Македонија6 часа

Двајца во притвор, еден во бегство – поднесена кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена...

Македонија6 часа

Не се воведува дополнителен еден час евтина струја преку ден оти ќе треба да се укине евтината од 22 до 24 часот, РКЕ ги направи пресметките

Анализата на потрошувачката на струја од 2021 година до септември годинава покажува дека до крајот на 2023 година немало услови...

Европа7 часа

(Видео) Првите снимки од разорниот земјотрес што ја погоди Турција: Сè се тресе, луѓето бегаат

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. #deprem #earthquake #turkey #malatya...

Македонија8 часа

Три пиштоли, рамки, шаржер, илјада куршуми, шок-бомби и дрога пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество...

Македонија9 часа

„За коса ја извадил од такси-возилото, ја удрил со главата и ѝ ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според...

Свет11 часа

Кина: Не се откажуваме од можноста да го вратиме Тајван со сила

Кина нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила против Тајван, но тоа се однесува на надворешно...

Европа11 часа

Украинските власти наредија евакуација на Купјанск, еден од клучните градови: „Се водат тешки битки“

Украинските власти денеска наредија евакуација на Купјанск, важен град и три други локалитети во североисточниот регион Харков, бидејќи руските сили...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие...

Свет11 часа

Северна Кореја тврди дека 1,4 милион млади луѓе ѝ се приклучиле на армијата

Севернокорејските државни медиуми објавија дека оваа недела, околу 1,4 милиони млади луѓе, вклучително студенти и претставници на младинската лига, се...

Македонија23 часа

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија со јачина 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот е на 13 км североисточно од Демир...

Македонија1 ден

Јакимовски до Јаневска: Се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење...

Македонија1 ден

13 игротеки затворени, кај некои имало хигиенски недостатоци, на 32 им се изречени глоби по контролите на Агенцијата за храна

Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјата. Со контролите опфатени...

Македонија1 ден

Рама: Северна Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Северна Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’...

Топ1 ден

Приведени четворица за пукањето во Чаир, двајца од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа

Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што...

Македонија1 ден

Германската министерка на средбата со Муцунски: Потребна ни е обединета ЕУ, која нема да биде блокирана од одделни земји членки

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни...

Македонија1 ден

Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера...