Македонија
Лога за Филков: Тој е затворен во кабинетот од својата шефица, која не му дозволува да комуницира
За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а министерството го раководи Радица Лазареска Геровска, со која целото министерство нема добра комуникација, вели екс-министерот за правда, Кренар Лога како реакција на сегашниот министер за правда кој истакна дека пред да замине од функцијата, Лога си ги зел документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ.
„Во време кога беше избрана новата власт, јас бев на испланиран семеен одмор, за кој се добива решение од Владата. Се вратив два дена по неговиот избор, на 26-ти, и неколку пати го барав Филков на телефон и преку СМС пораки, а потоа и преку кабинетот. Бев информиран дека тој ќе ме побара, но, за негова несреќа, сè уште е затворен во својот кабинет од својата шефица на кабинетот, која не му дозволува да комуницира.
За трагикомедијата да биде поголема, тој сè уште продолжува да молчи. За сите тие важни теми тој нема став, повторува една бамална реченица” и премиерот е право и меѓународните сојузници се у право” се крие од јавноста и чека писмен одговор од г-ѓа Радица.
Писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат, исто како што го добија и Вицепремиерот Маричиќ, претседателот на судски совет Сашко Георгиев и други. Еден дел од писмото беше наменет за јавноста, додека другиот беше класифициран само за министерот. Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, но, нормално, Радица не може да го добие додека нема безбедносен сертификат. Истото писмо, со дозвола на мисијата, е споделено и со работната група, односно со претседателот академик Владо Камбовски.
Возниот парк е ист со оној што го користеле и претходните министри“, истакнува Лога во реакцијата.
Министерството за правда во соработка со Советот на Европа, како што појаснува, презема активности за подобрување на системот на БПП. Според Лога, во Секторската развојна стратегија за правосудство и Акцискиот план се предвидени низа активности за подобрување на пристапот до правда кои се предвидени во Посебната цел 1.7. (Стр.38-42 од Акцискиот план).
„Вработените во подрачните одделенија/канцеларии за бесплатна правна помош се исти повеќе години, а со истиот кадар веќе отворивме и повеќе канцеларии. Отворениот оглас, каде што требаше да се пополнат некои работни места, беше поништен од ваша страна за да вработите „ваши луѓе“.
Министерството нема долгови, бидејќи на време беа подмирени сите фактури. Наместо да бидете среќни што го имате материјалот со кој јас не располагав, вие неосновано критикувате зошто сите тие матерјали се двојазични односно и на албански јазик. Двесте чадори се наменети за кампањата за бесплатна правна помош, заедно со Советот на Европа.
Лаптопот е во ПР канцеларијата, другиот е кај преведувачите, тротинетот е во едно од одделенијата за бесплатна правна помош, а телефоните, добиени преку субвенција, се распределени на оние кои најмногу работат и се евидентирани на телефонските броеви.
За сите овие тврдења, но и за 100-дневниот период на министерот Филков, ќе имам јавно обраќање и брифинг со новинари.
Го предизвикувам министерот Филков на јавна дебата, било еден на еден или со учество на госпоѓа Радица од негова страна“, нагласува Лога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

