Спорт
Премиер лигата и понатаму е најдобра во светот
Британската спортска аналитичка компанија „Опта“ ја објави листата на Топ 10 најдобри фудбалски лиги во светот.
Како главни параметри во овој избор беа земени квалитетот на тимовите, популарноста на играчите и квалитетот на натпреварувањето.
Според „Опта“ на прво место е англиската Премиер лига, второ е италијанската Серија А, додека на третото е Бундеслигата. На четвртото место е шпанската Ла Лига, додека Лига 1 е на петтото место.
Интересно е што меѓу првите десет е уште една англиска лига, а тоа е Чемпионшип кој е на деветтото место.
🚨🚨| The top 10 𝗯𝗲𝘀𝘁 leagues in the world, according to Opta. 📊
🏴 1. Premier League
🇮🇹 2. Serie A
🇩🇪 3. Bundesliga
🇪🇸 4. La Liga
🇫🇷 5. Ligue 1
🇧🇷 6. Brasileirão
🇵🇹 7. Primeira Liga
🇧🇪 8. Belgian Pro League
🇺🇸 9. MLS
🏴 10. English Championship pic.twitter.com/kRK19nmytf— CentreGoals. (@centregoals) October 15, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус покажува интерес за Анте Будимир
Будимир со своите карактеристики е идеален за идеите на Тиаго Мота. Хрватскиот репрезентативец е легенда на Осасуна каде пристигна во октомври 2020 година.
За четири години Будимир постигна 51 гол на 146 натпревари, а оваа сезона има четири гола на девет натпревари. Будимир веќе има искуство во Италија. Кариерата ја започна во Радник од Велика Горица, а во помладите селекции настапуваше за австрискиот ЛАСК.
Беше член на Кротоне (83 настапи, 27 гола, шест асистенции) и Сампдорија (14 натпревари, 1 гол). Во кариерата настапуваше и за Интер од Запрешиќ, Мајорка, Локомотив и Ст. Паули.
За хрватската репрезентација одиграл 27 натпревари и постигнал три гола, а според „Трансфермаркт“ вреди пет милиони евра.
Неговиот договор со Осасуна е до летото 2027 година.
Спорт
Гласнер ќе добие отказ, Мојс ќе го преземе Кристал Палас
Кристал Палас не ја започна според планираното, а тоа може да резултира со смена на менаџерот Оливер Гласнер. Потенцијалната замена е веќе подготвена.
По седум натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Палас освои само три бода и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Гласнер го презеде тимот минатата сезона и го оживеа. Се очекуваше дека тимот ќе продолжи да расте, но дојде до пад поради што Гласнер може да остане без работа
Замена за актуелниот тренер би можел да биде Дејвид Мојс. Во минатото искусниот стручњак можеше да ги „извлече“ екипите од опасната зона, а во таква ситуација сега е и Палас.
Мојс остави најголем белег како тренер на Евертон. Тој помина 11 години на „Гудисон Парк“. Потоа имаше неславна епизода во Манчестер јунајтед и Реал Сосиедад, една година беше тренер на Сандерленд, а потоа се пресели во Вест Хем.
Мојс беше таму во два мандати. Прво успеа да обезбеди опстанок со „чеканите“, а во вториот мандат ги одведе до трофејот во Конференциската лига и до полуфиналето на Лига Европа.
Спорт
Фудбалерите против расистите: Покажете „Х“ со рацете и натпреварот ќе биде прекинат
ФИФА одлучи да ја продолжи борбата против расизмот во фудбалот, воведувајќи построги мерки за казнување на секоја расна дискриминација. Натпреварот ќе биде прекинат доколку судијата забележи расистички навреди од играчите или ако му се пожалат. Исто така, можно е натпреварите да завршат пред крајот поради расизам.
Во иднина, судиите ќе ја прекинат играта веднаш кога ќе забележат расистички извици или гестови од трибините, но и ако играчите се пожалат .
Новото правило усвоено на 74. Конгрес на ФИФА во Бангкок предвидува дека натпреварот ќе биде трајно прекинат доколку судијата и делегатот проценат дека тоа е неприфатлива форма на говор на омраза, расна или каква било друга дискриминација.
ФИФА одлучи да преземе колективна одговорност за глобалната позиција против расизмот во фудбалот. ФИФА, во соработка со сите национални асоцијации, ќе активира програми и акции во секоја од петте области на дејствување кои ја поддржуваат глобалната позиција против расизмот: правила и санкции, акција на теренот, кривични пријави, едукација и гласот на играчите.
На Конгресот на ФИФА беше воспоставен гест со кој играчите можат да испратат јасна порака до судијата дека доживеале расни навреди. Станува збор за вкрстени раце во „Х“.
Во пракса, постапката треба да изгледа вака:
Прв чекор
Судијата ја прекинува играта: Ако сте доживеале навреди на расна основа, користете го „антирасистички гест“ (прекрстени раце во „Х“) тогаш судијата автоматски ќе ја прекине играта;
Втор чекор
Судијата ги испраќа тимовите во соблекувалната: Доколку навредите продолжат по предупредувањето и играта продолжи, судијата го прекинува натпреварот по втор пат и ги испраќа тимовите во соблекувалната.
Трет чекор
Судијата го прекинува натпреварот: Доколку навредите се повторат за време на паузата или по продолжувањето на натпреварот, натпреварот ќе биде трајно е прекинат и ќе се решава на „зелена маса“.
Овој јасно дефиниран протокол дефинитивно ќе помогне во борбата против расизмот на фудбалските терени, но сепак е пораз што сето тоа треба да се направи во 21 век.