Македонија
Николсоки да се извини за сите лаги за пругата кон Бугарија и Коридорот 8, бара Талески
Николсоки да се извини за сите лаги за пругата кон Бугарија и Коридор 8. Со еден збор дебакл на сите лаги на Николовски. Со месеци трубеше Николоски лага дека проектот за пругата од Коридорот 8 бил за никаде, дека тунелот завршувал во планина и дека тој ќе го сменел проектот, вели Миле Талески, пратеник од СДСМ.
Сега, според него, гледа јавноста дека ништо од ова што го кажувал Николоски не било точно.
„Сега Владата се согласила и дека ќе се гради истиот проект и дека тунелот е добар и дека нема да се менува трасата.
СДСМ постојано тврдеше дека станува збор за проект подготвен од меѓународни експерти, дека истиот е целосно во согласност со потребите на проектот и дека нема никаква друга пречка овој проект да се спроведе.
Откако со месеци ја манипулираа јавноста, поништуваа постапки сега се сложија да го градат проектот онака како што досега беше планирано. Ова е уште едно признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира“, нагласи тој.
Оценува дека она што требаше да го напрви Николовски е да излезе и да им се извини на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

