Македонија
Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура
За мене претставува задоволство и чест, што денеска на покана на градоначалникот овде во Општина Брвеница имам можност да присуствувам на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
„Овој градоначалник, заедно со оваа општинска администрација, со овој совет којшто ја поддржува работата на Јовица, може да биде горд затоа што децениските ветувања конечно се реализирани и конечно жителите во ова населено место во Општина Брвеница ќе имаат можност, тоа што го очекувале со децении да го почувствуваат и видат и да може да уживаат во подобар комфор во својот живот“, рече тој.
Ги спомена и проектите коишто како што напомена ќе бидат финансирани од страна на државата, проекти коишто, според Мицкоски се во вредност од околу 37 милиони денари и тоа се за сите населени места во целата Општина Брвеница.
„Продолжуваме да испорачуваме, тоа што го ветивме продолжуваме да го реализираме за доброто на граѓаните затоа што Македонија мора да биде повторно горда“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

