Македонија
Меџити: УСАИД е вклучена во многу проекти од екологијата во Северна Македонија, кои ја подобруваат животната средина

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), предводена од Јери Дибле, претставник за Северна Македонија.
Дибле ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата преку разни програми, како и пренесување позитивни искуства од разни земји во светот во кои работи Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Меџити се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во Северна Македонија, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторинг.
Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) е присутна во Северна Македонија од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми што промовираат економски раст и конкурентност зголемувајќи го ангажманот на младите да ја намалат невработеноста и да ја намалат корупцијата, истакнуваат од кабинетот на Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.