Забава
Камерон Дијаз откри зошто се повлече од актерството: „Немав веќе интерес за тоа“
Американската актерка Камерон Дијаз откри зошто се повлече од актерството пред десет години.
Последните филмови во кои актерката се појави се Annie, The Sex Tape и The Other Woman.
Актерката ќе се врати во филмскиот свет в година во акционата комедија на „Нетфликс“, Back in Action, заедно со Џејми Фокс.
Cameron Diaz and Jamie Foxx star in BACK IN ACTION — coming later this year to Netflix.
Years after giving up life in the CIA to start a family, these former spies are dragged back into the world of espionage when their cover is blown. Also starring Kyle Chandler, Glenn… pic.twitter.com/xedDfTjRJk
— Netflix (@netflix) February 1, 2024
Тоа ќе биде првиот филм во кој таа ќе се појави во 11 години. Како што објасни, се повлекла од Холивуд за да се посвети повеќе на семејството и да почне неколку претприемачки проекти.
„За мене, тоа беше неопходна работа. Чувствував дека морам да го сторам тоа за да ја вратам контролата врз мојот живот. И, искрено, не ми беше грижа за ништо друго“, рече Дијаз, пренесува „Вараети“.
Таа исто така објасни дека ниедна од понудите што ги добила во тоа време не била доволно добра за да ја промени одлуката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Алана отиде во Турција да си ги среди забите и остана без нив: „Ми го уништија животот“
Алана Бун од Белгија остана целосно без заби откога отиде во Турција да си ги среди. Пријателката на мајка ѝ ѝ ја препорачала клиниката, каде што нарачала поставување коронки во 2021 година, пишува британски „Мирор“.
Вкупните трошоци со летот и хотелот биле 10.000 евра, а самата операција чинела 6.700 евра. Преку социјалните мрежи договориле план за процедура, таа им испратила фотографии од забите на стоматолози во Турција.
Кон крајот на јули почнаа подготовките за операцијата и стружењето на забите. Вели дека веќе следниот ден почнала да чувствува болки, но потоа ѝ рекле дека мора да направат девитализација, со која се отстранува дел од тешко оштетената забна пулпа, за што доплатила.
Два дена подоцна ѝ беа поставени постојани коронки. Таа вели дека викала и врескала бидејќи имала многу болки. Кога се вратила дома на почетокот на август, болката само се влошила. Почнала да чувствува дупки во устата и лош вкус.
Таа посетила локална ординација во Белгија за да добие второ мислење, каде што потврдиле дека лекувањето е целосно неуспешно и дека мора да се вадат сите заби. Таа мораше да подлежи на интензивна корективна процедура, ѝ беа понудени три опции за третман, кои чинат помеѓу 22.000 и 38.000 фунти.
Од април годинава немала ниеден заб, но во меѓувреме ѝ се вградени осум импланти. Таа се консултирала и со орални хирурзи, кои се согласиле дека единствената опција е да се извадат сите заби и да се почне од почеток. Сè уште не е целосно ослободена од секојдневните болки, но ѝ олесна што ѝ се отстранети лошите резултати од Турција.
Таа се надева дека новите процедури ќе бидат завршени до јули в година, но во меѓувреме сака да ја сподели својата приказна, па другите луѓе ќе бидат предупредени за можните последици бидејќи таа не била.
„Добро размислете пред да изберете стоматолог во странство. Ако тргне наопаку, треба да го решите проблемот во вашата земја и често завршувате со плаќање трипати повеќе. Не само што ги изгубив забите, туку и квалитетот на мојот живот беше уништен. Не можам да јадам нормално и широко да се насмевнувам“, раскажува Бун за „Мирор“.
Забава
Последната фотографија од Лијам Пејн пред неговата трагична смрт во Аргентина
Фотографија од пејачот Лијам Пејн е објавена непосредно пред тој трагично да падне од балконот на хотел во Аргентина.
Лијам Пејн почина откога падна од третиот кат од хотелот во Буенос Аирес, Аргентина.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Пејн пред смртта бил под дејство на дрога и алкохол, а персоналот на хотелот во еден момент повикал помош.
Недолго потоа беше пронајдено телото на ѕвездата на поранешниот бој бенд „Уан дајрекшн“.
На интернет сега кружи фотографија, која е направена непосредно пред трагичниот пад.
„Имаме гостин кој е надвор од себе поради дрога и алкохол. Кога е свесен, крши сè во собата. Треба да испратите некого, ве молам“, рекол вработен во хотелот во кој престојувал Лиам.
„Сметаме дека неговиот живот е во опасност. Собата во која е тој има балкон, се плашиме да си не направи нешто, да си го загрози животот“, се слуша на снимката од разговорот.
Лијам Пејн имаше 31 година, а светската слава ја стекна како член на популарниот бенд за момчиња „Уан дајрекшн“.
Забава
Хари и Меган Маркл купија куќа во Европа
Принцот Хари (40) и Меган Маркл (43) купиле имот во Европа. Како што пренесува „Дејли мејл“, парот купил куќа во сончевата и топла Португалија, што следувало откако кралот Чарлс (75) минатата година одлучил дека двојката повеќе не може да престојува во вилата Фрогмор.
Како што се шпекулира, тоа им дало право на златна виза, која им дава пристап до шенген-зоната на Европската Унија. Ова би било голема привилегија за Меган, која е американски државјанин, пренесуваат медиумите во регионот.
Тие не се единствените членови на кралското семејство што решиле да купат имот во Португалија. Братучетката на Хари, принцезата Јуџин (34), и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк (38) поседуваат куќа во луксузен комплекс покрај морето во Мелидес, јужно од Лисабон.
Не е познато дали тоа дополнително го мотивирало Хари да купи куќа таму.
По свршувачката со Хари во ноември 2017 година, палатата Кенсингтон објави дека Меган во догледно време ќе поднесе барање за британско државјанство.
Портпаролот потврди дека ќе помине низ процес што трае неколку години, но војвотката на крајот се откажала од тоа наводно затоа што со принцот се преселила во Америка во 2020 година.
Кралската двојка имаше можност порано да ја посети Португалија. Минатата година таму уживаа во романтичен одмор, на кој тајно отпатуваа по игрите „Инвиктус“ во Германија. Ова го потврди Хозе Сантос, шеф на туристичкиот одбор на регионот Алентехо, пишува „24 часа.хр“.