Забава
Камерон Дијаз наполни 51 година
Холивудската ѕвезда со блескава насмевка, Камерон Дијаз, синоќа го одбележа својот 51. роденден.
Светските шоу-биз медиуми не штедат пофални зборови за Камерон, која инспирира милиони жени со своите талент, убавина и харизма.
Таа е навистина ѕвезда во секоја смисла на зборот. Неверојатна актерка, автор, претприемач и мајка.
Глумеше во неколку кинохитови: „Маска“, „Има нешто во врска со Мери“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Ангелите на Чарли“, Одмор“ и други, а исто така ѝ го позајми гласот на принцезата Фиона во анимираниот класик „Шрек“.
Популарноста на Дијаз вртоглаво порасна по нејзината улога во филмот „Маска“, во кој глуми со Џим Кери.
Напиша и две најпродавани книги за здравје и благосостојба, The Body Book и The Longevity Book.
Во декември 2019 година Камерон и нејзиниот сопруг Бенџи Маден, гитарист на бендот „Гут Шарлот“, добија ќерка со помош на сурогат-мајка.
Камерон одлучи да се повлече од актерството во 2014 година. Речиси десет години подоцна таа го најави своето враќање со Back in Action („Повторно во акција“) со Џејми Фокс во главната улога.
Бенџи се огласи на „Инстаграм“ првпат по речиси шест месеци за да изрази љубов и почит кон својата сопруга нарекувајќи ја негова кралица. „Многу сум благодарен што го имаме нашето семејство, јас сум еден среќен човек“.
Претходно, Гвинет Палтроу ѝ го честита роденденот на својата блиска пријателка со емотивна објава на „Инстаграм“. „Една од најголемите личности што ги познавам“, напиша таа.
Нивното пријателство датира повеќе од една деценија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.