Спорт
Зиркзе во јануари заминува од „Олд Трафорд“
Манчестер јунајтед летово потроши огромна сума пари на засилувања, но според резултатите на стартот од новата сезона екипата е далеку од врвот, не само во Премиер лигата, туку и во Лига Европа.
Летовот во Манчестер јунајтед дојдоа: Лени Јоро за 62 милиони евра, Мануел Угарте 50, Матијас Де Лихт 45, Циркзе 42,5 и Нусер Мазрауи за 15 милиони евра.
Од Зиркзе се очекуваше многу, Холанѓанецот требаше да ја подобри ефикасноста, челниците на Јунајтед го гледаа како машина за голови. Но, реалноста е сосема поинаква.
Манчестер јунајтед е 14. на табелата во Премиер лигата, со само осум бода од седум кола. Поразителен е фактото дека тимот на Ерик тен Хаг на тие седум натпревари постигна само пет голови. Еден од тие пет беше дело на Зиркзе, на дебито погоди во финишот против Фулам за победа во првото коло.
Холанѓанецот играше на секој од тие седум натпревари, но на ниту еден не беше на теренот од почеток до крај. Англиските медиуми тврдат дека Зиркзе ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.
По две неверојатни сезони во Болоња, Зиркзе направи чекор напред во кариерата и се пресели во Јунајтед.
Како што сега стојат работите, тој многу лесно би можел да се врати на Апенинскиот полуостров. Планот на Јунајтед е да го испрати на позајмица во Јувентус кој покажа сериозен интерес за негов потпис.
Дури и самиот Холанѓанец побарал трансфер, а со оглед на тоа што на десет натпревари во Манчестер постигна само еден гол, се чини дека ќе му излезат во пресрет челниците на клубот од „Олд Трафорд“.
Јасно е дека Зиркзе сака повторно да работи со Тијаго Мота, кај кого две сезони играше во врвна форма. Мота од оваа сезона е тренер на Јувентус.
Секако, во Манчестер јунајтед активно бараат замена за еден од најголемите неуспеси, а прв пик е словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко. Според некои информации, неговата откупна клаузула е 65 милиони евра, што не би требало да биде голем проблем за Јунајтед.
Од друга страна, Јувентус се подготвува да го продаде српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, чиј мандат во Торино очигледно е при крај.
На која страна ќе оди Влаховиќ ќе покаже времето, но тој би можел да се пресели во Премиер лигата. ДОлго време за него интерес покажува Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неф му овозможи на Фон Алмен да освои уште еден златен медал
Швајцарија повторно го слави Фрањо фон Алмен. По златото во спуст, то стана олимписки првак и во тимската комбинација во тандем со Танги Неф. Натпреварувањето вклучуваше трки во спуст и слалом, а победникот беше одреден со собирање на резултатите.Швајцарија 2 победи пред Австрија 1 и Швајцарија 1.
Поголема заслуга за златниот медал му припаѓа на Неф, кој беше брилијантен во слаломската трка. Фон Алмен беше четврти по спустот, но Танги „Леташе“ по патеката во слаломската трка за да ја стави Швајцарија на првото место.
По него се појавија уште тројца скијачи, но ниту еден од нив не успеа да го надмине неговиот резултат.
Два тима завршија на второто место: Швајцарија 1 со Марко Одермат и Луик Мелар, и Австрија, чиј тим го сочинуваа Винсент Крихмаер и Ману Фелер.
Италијанците останаа без медали, иако Франкони беше во водство по спустот и создаде доволна разлика неговиот тим да освои медал. Сепак, неговиот партнер Алекс Винацер подлегна под притисокот, лошо возеше во слаломската трка и на крајот завршија на седмото место.
Спорт
(Видео) Кадилак плати милиони за да го претстави автомобилот на Супербоул
Кадилак, тим што од оваа сезона ќе се натпреварува во шампионатото на Формула 1 го претстави автомобилот со реклама на Супербоул. Во исто време, реплика на автомобил беше претставена на Тајмс Сквер во Њујорк.
Промоццијата траеше околу 30 секунди и чинеше околу осум милиони долари.
The mission begins now. Introducing Cadillac Formula 1® Team’s first livery. Our season kicks off March 7th streaming on @AppleTV in the US. pic.twitter.com/NiALWMcqGm
— Cadillac Formula 1 Team (@Cadillac_F1) February 9, 2026
Новиот тим во Формула 1 одлучи да се претстави таму каде што беа сите очи на светот во исто време – на полувремето од Супербоул во кое Сиетл Сихокс ги победија Њу Ингланд Патриотс.
Болидот во црно и бела боја претставен во рекламата, а во исто време на ајмс Сквер во Њујорк се појави реплика на автомобилот на 11-тиот тим во шампионатот во Ф1.
History in motion. Our 2026 livery. pic.twitter.com/WbaoEpOoDA
— Cadillac Formula 1 Team (@Cadillac_F1) February 9, 2026
Како што објасни Кадилак, двобојниот дизајн претставува асиметрија „како намерна филозофија на дизајнот, јин-јанг рамнотежа изразена преку остра црно-бела боја каде што храброста, решителноста и перформансите се среќаваат со аспирација, оптимизам и амбиција“.
Кадилак ќе го користи моторот на Фрари, а за тимот ќе возат искусните Валтери Ботас и Серхио Перез.
Новата сезона започнува на 8 март во Австралија.
Спорт
Лилард е повреден, но ќе шутира тројки на Ол стар викендот
Демијан Лилард сè уште не одиграл ниту една минута во тековната НБА сезона поради операција на Ахиловата тетива, но тоа не го спречи да биде учесник на претстојниот Ол-стар викенд.
Организаторите го вклучија меѓу кандидатите за титулата најдобар шутер за три поени во лигата.
Натпреварот во брзо шутирање тројки се одржува оваа сабота, во Лос Анџелес, а за искусниот плејмејкер на Портланд тоа ќе биде шести настап на глобално популарниот спортски спектакл.
Претходно, настапи во 2014, 2019, 2023, 2024 и 2025 година, победи во 2023 година во Солт Лејк Сити и 2024 година во Индијанаполис.
По 13 сезони во НБА, Лилард е петти на листата на најдобри тројкаши во НБА, со 2.804 постигнати тројки.
Овој пат негова конкуренција ќе бидат Девин Букер (Феникс), Кон Книпел (Шарлот), Тајрис Макси (Филаделфија), Донован Мичел (Кливленд), Џамал Мареј (Денвер), Боби Портис (Милвоки) и Норман Пауел (Мајами).
The 2026 State Farm 3-Point Contest field ⬇️
Saturday, Feb. 14 | 5 p.m. ET | NBC & Peacock
Former champ Devin Booker among five 2026 All-Stars.
Two-time winner Damian Lillard can match the record with a third title.
Kon Knueppel can become the first rookie to win the event. pic.twitter.com/W6cI4LdctJ
— NBA Communications (@NBAPR) February 8, 2026

