Свет
Марк Руте: Русија можеби е гласна, но НАТО е силен
Русија можеби е гласна, но НАТО е силен, изјави новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, по претседавањето со својот прв состанок на министрите за одбрана на алијансата во Брисел.
Тој ја критикуваше, како што рече, „сè понеодговорната реторика на рускиот претседател Владимир Путин“ и додаде дека членките на НАТО работат напорно за да обезбедат поддршка за Украина во текот на претстојната зима.
Руте, исто така, објави дека главниот фокус на министерскиот состанок на НАТО било добивање масовна воена помош за Киев, пренесува Ројтерс.
Во своето обраќање пред новинарите, тој зборуваше и за Молдавија и изјави дека Русија сака да го попречи европскиот пат на земјата.
Жителите на Молдавија в недела ќе излезат на гласање, каде ќе гласаат за претседателските избори и референдумот за ЕУ, што, според Ројтерс, е клучен момент во борбата меѓу Русија и Западот за иднината на оваа југоисточна европска земја.
Во денешната презентација Руте ги пофали романските власти и врховниот командант на НАТО за Европа, Кристофер Каволи за нивниот брз и ефективен одговор кога вчера неидентификуван објект навлезе во воздушниот простор на Романија.
– Ќе продолжиме да го зајакнуваме надзорот, да разменуваме информации и да ги координираме индивидуалните и колективните одговори – рече Руте, додавајќи дека алијансата ја поддржува Романија во решавањето на сите безбедносни предизвици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пронајдени закопани две новороденчиња во Хрватска, родителите приведени
На територијата на Вараждинската жупанија во Хрватска, голем број припадници на полицијата и други служби пронајдоа закопани две новороденчиња.
„Ексхумацијата е во тек врз основа на полициската истрага. Тоа семејство не е од тука, се преселиле овде, па ни се непознати. Не знам како полицијата ги добила овие сознанија или детали од истрагата. Полицијата ги има сите информации и ќе видиме што навистина се случило, дали причината за смртта е неухранетост или нешто друго“, изјави началникот во телефонски разговор.
Наводно станува збор за доселеници во општината, а телата биле пронајдени во дворот на нивната семејна куќа.
Медиумите јавуваат дека семејството е приведено.
Свет
Блинкен: САД и НАТО се решени да продолжат да ја поддржуваат Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД и НАТО се решени да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба на бојното поле и против руските напади врз нејзината енергетска инфраструктура.
Тој го изјави ова за време на заедничкиот говор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте на маргините на министерскиот состанок на Алијансата во Брисел, пренесува Укринформ.
„Ние сме решени да ја продолжиме работата што ја работевме заедно во изминатите четири години и што ја зајакна оваа Алијанса на извонреден начин – со нови членки, нови ресурси и средства и, имаме нова решеност да продолжиме да ја поддржуваме Украина за време на агресијата на Руската Федерација и борбата против многу други закани и предизвици“, рече Блинкен.
Свет
Украина испрати ултиматум до НАТО во врска со нејзиниот прием
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска испрати остра порака до НАТО, нагласувајќи дека Киев нема да прифати никакви други безбедносни гаранции освен полноправно членство во таа Алијанса.
Во писмото упатено до неговите колеги од земјите на НАТО, Сибиха наведе дека „целосното членство на Украина во Алијансата е единствената вистинска безбедносна гаранција за Киев, како и средство за одвраќање на натамошната руска агресија кон таа и кон другите земји“, пренесе Политико.
„Нема да прифатиме никакви алтернативи или замени за полноправно членство во НАТО“, посочи Сибиха и додаде дека само тој чекор ќе ја спречи руската агресија.