Спорт
(Видео) Страшен инцидент помеѓу Бецеки и Вињалес
Голем инцидент ја обележа спринт трката на патеката „Филип Ајленд“ во Австралија. Во претпоследниот круг се судрија возачите на ВР46 и Априлија, Марко Бецеки и Маверик Вињалес.
Во моментот кога се случи страшниот инцидент, двајцата се бореа за петтата позиција, а беа блиску да го нападнат Франческо Бањаја (Дукати) кој беше пред нив.
Вињалес го престигна Бецеки на стартно-целната рамнина, но во првиот свиок Италијанецот направи голема грешка, веројатно мислеше дека неговиот ривал нема да кочи толку рано и се заби во мотоциклот на Вињалес.
Двајцата излетаа од патеката.
Dari sini udah kelihatan kok kalau Marco Bezzecchi jadi korban jahatnya dirty air MotoGP saat ini.
Gak ada alasan skill ataupun gotong royong bantu sesama KTP, memang situasional dan jelas racing incident.pic.twitter.com/dC28P6teX9
— Lambe Resing (@LambeResing) October 19, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Болидот на Шумахер од 2006 година ќе биде ставен на аукција во ноември
Болидот на Ферари со кој Михаел Шумахер постигна голем успех е ставен на аукција и достигна екстремно висока цена.
Шумахер, кој седум пати ја освојуваше светската титула, исто како и Луис Хамилтон, беше возач на италијанскиот тим и со нив освои пет титули.
Болидот што Шумахер го возеше во неговата последна сезона за Ферари во 2006 година достигна неверојатна почетна цена од 11 милиони фунти.
Аукцијата се очекува официјално да започне на 14 ноември, а некои од најголемите колекционери во светот веќе се пријавиле за наддавање.
Инаку, Михаел Шумахер во таа минатата сезона победи на пет трки со ова возило.
Таа година го собори и рекордот на Аиртон Сена по бројот на пол-позиции (68), додека сегашниот рекорд е во сопственост на Луис Хамилтон (104).
Спорт
Судот ја одби жалбата на Барселона, останува казната од половина милион евра
Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на Барселона на казната изречена од УЕФА.
Станува збор за казна од 500.000 евра која Каталонците ќе треба да ја платат поради прекршување на правилата за Финансиски фер-плеј.
Барселона поднесе жалба во јануари, но судот сега ја отфрли жалбата.
УЕФА го казни шпанскиот клуб поради лажни извештаи за 2022 година.
Интересно е што во образложеното решение судот навел дека „во конкретните околности на овој случај глобата од 500.000 е блага“.
Исто така, се додава дека „помалата казна нема да биде доволно силна за да спречи голем клуб како Барселона намерно да пријави неточен извештај во иднина“.
Како и да е, пресудата дополнително ја усложнува финансиската состојба на клубот кој веќе подолго време е во тешкотии.
Спорт
Реал и Барселона имаат ист сон: Сакаат да го доведат Ерлинг Халанд
Иако неговиот договор со Манчестер сити му истекува во 2027 година, норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд веќе е на листата на желби на Барселона и Реал Мадрид.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија и Германија, немало официјални контакти, но каталонскиот гигант е првиот што сака да го доведе во своите редови еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, но тоа нема да биде лесна задача со оглед на сите финансиски проблеми кои ги има клубот од „Ноу Камп“.
Медиумите пишуваат дека на Реал Мадрид би му било полесно да ангажира играч кој сезонава веќе има постигнато 10 гола за шампионот на Англија, но тоа не значи дека работата може лесно да биде завршена.
Се наведува и дека како дете Норвежанецот редовно доаѓал во Марбеља на одмор со семејството и дека уште од детството сака да игра во ЛА Лига, што е главниот адут за шпанските гиганти во целата оваа приказна.
🚨🚨| Erling Haaland is Barcelona’s dream transfer! 🔵🔴✔️
A transfer to Barca next summer seems unrealistic, and the 24-year-old striker is not seeking a transfer either. ❌
A move for Haaland to Barcelona could be POSSIBLE in the next 2-3 years. 👀
[@Plettigoal] pic.twitter.com/1Q1weGUofi
— CentreGoals. (@centregoals) October 18, 2024