Спорт
ПСЖ го „мерка“ Маркус Турам
Пари Сен Жермен е принуден да бара нови решенија по заминувањето на Килијан Мбапе.
Извештај од Италија сугерира дека клубот од Париз е заинтересиран за напаѓачот на Интер, Маркус Тирам.
Оваа сезона ја започна брилијантно, на седум натпревари во Серија А постигна исто толку голови со три асистенции.
Во моментов е стрелец во Серија А со Матео Матео Ретеги од Аталанта.
Головите и асистенциите секако го привлекоа вниманието за 27-годишниот Тирам.
Сепак „светците“ нема да имаат лесна работа, би требало да платат најмалку 80 милиони евра колку што е неговата моментална пазарна вредност.
Она што засега е евидентно е дека Тирам не би инсистирал да го напушти Интрер со кој има договор до јуни 2028 година. Трансферот е можен во случај наредното лето Интер да го донесе Џонатан Дејвид од Лил, кој ќе биде слободен играч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Автогол го реши дербито Јувентус-Лацио
Фудбалерите на Јувентус го победија Лацио со 1:0 во 8. коло од Серија А и се израмнија со Наполи на врвот на табелата, со меч повеќе од тимот на Антонио Конте.
Тимот од Торино победи со автогол на Шпанецот Марио Гила во 85. минута и на тој начин ја материјализира големата офанзива бидејќи повеќе од 60 минути играа со фудбалер повеќе на теренот.
Од 24. минута домашните играа со фудбалер повеќе отако беше исклучен Алесио Ромањоли поради фаулот што го направи врз Пјер Калулу како последен играч во одбраната.
И на овој натпревар Јувентус го оправда епитетот најдобра одбрана во овој момент, тимот на Мота прими само еден гол во осум натпревари во Серија А.
Спорт
Алкалоид го декласира Драгунас, на реваншот патува со предност од 11 гола
Фото/ rkalkaloid.mk
РК Алкалоид успешно стартуваше во ЕХФ Европскиот Куп. Вечерва во Автокоманда го декласираа литванскииот преставник Клаипеда Драгунас со 42:31.
Алкалоид првата посериозна предност ја стекна во финишот на првото полувреме кога со серија од 8:1 додјде до водство 17:10. На полувреме домашниот тим имаше предност од 18:12.
Во второто полувреме избраниците на Кире Лазаров одржуваа предност од шест до осум гола, во 52.минута имаа 35:25, на крајот славеа со 11 гола пред реваншот во Литванија.
Костески со 10 и Бинго со девет гола го предводеа Алкалоид, голманот Галевски имаше девет одбрани.
По натпреварот тренерот Лазаров истакна дека е горд од изданиетот на неговиот тим и посочи дека ист пристап неговите играчи треба да имаат и во реваншот.
„Уште мислам дека тие се многу опасен тим кој игра модерен ракомет. Нивниот тренер игра многу брз ракомет, но ние бевме подготвени за нив. Секако дека ќе сакаме да победиме и таму. Предноста е голема, на чекор до следното коло сме, но мора да бидеме претпазливи““, изјави Лазаров.
Спорт
МЗТ го победи Работнички, дербито во сенка на дивеењето на навивачките групи
Фото/ facebook.com/kkmztskopje
МЗТ го победи Работнички со 70:56 во градската пресметка, која ја обележа дивеењето на навивчките групи.
Првата четвртина го покажа реалниот однос на силите во овој момент. По две минути игра резултатот беше 6:6, а потоа започна серијата на МЗТ од 22:0. По 10 минути игра МЗТ водеше 28:8.
Во втората, по три минути игра при резултат 30:13, започна дивеењето на навивачките групи „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“. На паркетот беа фрлени петарди и чадни бомби. Кошаркарите се повлекоа во соблекувалните, а делегатото донесе одлука да бидат испразнети трибините каде се наоѓаа оние што го прекинаа натпреварот.
Откако навивачките групи беа отстранети од салата „Кале“, по 85 минути пауза натпреварот продолжи.
Копривица го предводеше МЗТ со 15 поени, а Ѓуровски со 12 беше најефикасен кај Работнички.