Спорт
(Видео) Тотенхем го прегази Вест Хем
Фудбалерите на Тотенхем убедливо го поразија Вест Хем со 4:1 во малото лондонско дерби, со кое е отворено осмото коло во Премиер лигата.
Избраниците на Ангелос Постекоглу доминираа од првата до последната минута, ритамот не им го наруши ниту голот на Кудуз во 18.минута. До крајот на полувремето изедначи Клушевски, а во второто полувреме, во периодот од 52. до 60.минута играчите на тотемхем ги решија сите дилеми околку конечниот победник.
Бисума погоди за предност на домашните, а потоа Ареола си постигна авто-гол, а точка на мечот стави Сон. Во 86.минута црвен картон, поради насилничко однесување доби Кудиз.
Тотенхем дојде до 13 бод и скокан ан шестото место, додека Вест Хем се на 14. на табелата со само осум бода и дури 15 примени голови и можно е ова да беше последниот натпревар на Хулен Лопетеги како тренер на „чеканите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис со „помош“ на Расел до пол-позцијата во Тексас
Возачот на Мекларен, Ландо Норис ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на САД. На патеката во Остин, Норис дојде до седмата пол-позиција во кариерата, шеста оваа сезона. Норис во борбата со Макес Ферстапен за првото место на стартото на трката доби „помош“ од Џорџ Расел, кој излета во последниот круг, во третиот сектор, поради што беа истакнати жолти знамиња и бепе означен крајот на квалификациите.
Ландо Норис, во првиот круг од последната квалификациска сесија забележа време (1:32.330), Фрстапен доцнеше за само 31 илјадити делови од секундата.
Вториот ред пред трката го освоија возачите на Ферари, Карлос Саинц јуниор и Шарл Леклер. Зад нив се Оскар Пјастри (Мекларен) и Џорџ Расел (Мерцедес), а во топ 10 се пласираа Пјер Гасли (Алпин), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Кевин Магнусен (Хас) и Серхио Перез (Ред Бул).
Ужасни квалификации имаше седумкратниот светски првак Луис Хамилтон. Стјуардите му го избришаа времето бидејќи во 12 свиок беше надвор од патеката и трката ќе ја започне во 19.место.
Големата награда на САД, в недела ќе се вози од 21 часот.
Спорт
Синер го освои егзибицискиот турнир во Ријад и заработи шест милиони долари
Италијанскиот тенисер Јаник Синер е победник на егзибицискиот турнир „Слемот на шест кралеви“.
Првиот светски рекет го совлада Карлос Алкараса во финалето во Ријад по пресврт со 2:1 (6:7, 6:3, 6:3).
Мечот со Шпанецот беше се освен егзибиција, бидејќи влогот беше голем. Дури шест милиони долари заработи победникот.
Можеби Синер можеше порано да ја заврши работата, доколку беше малку поконцентриран. Тој прв стигна до брејк во мечот и имаше големи 4:1, но Алкараз успеа да направи пресврт. На крајот Шпанецот в тај-брејк го освои првиот сет.
Во вториот сет повторно Синар прв направи брејк, а Алкараз возврати. Се чинеше дека уште еднаш ќе се повтори сценариото од првиот сет, но Синер не го дозволи тоа, уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот и изедначи на 1:1.
Во решавачкиот сет двајцата влегоа претпазливо. Третиот сет целосно се разликуваше според интензитетото од првите два. Првиот брејк се случи во во осмиот гем. Го направи Синер и на тој начин стигна до клучна предност што не ја испушти. Алкараз со дупла сервис грешка му подари брејк. Лош начин да се реши судирот на лидерите на новата генерација.
Претходно Новак Ѓоковиќ го освои третото место со победата над Рафаел Надал со 6:3, 7:6.
Спорт
(Видео) Автогол го реши дербито Јувентус-Лацио
Фудбалерите на Јувентус го победија Лацио со 1:0 во 8. коло од Серија А и се израмнија со Наполи на врвот на табелата, со меч повеќе од тимот на Антонио Конте.
Тимот од Торино победи со автогол на Шпанецот Марио Гила во 85. минута и на тој начин ја материјализира големата офанзива бидејќи повеќе од 60 минути играа со фудбалер повеќе на теренот.
Од 24. минута домашните играа со фудбалер повеќе отако беше исклучен Алесио Ромањоли поради фаулот што го направи врз Пјер Калулу како последен играч во одбраната.
И на овој натпревар Јувентус го оправда епитетот најдобра одбрана во овој момент, тимот на Мота прими само еден гол во осум натпревари во Серија А.