Спорт
Работнички ја зголеми предноста на врвот, кикс на Шкендија, дебакл на Струга

Единствениот непоразен тим во Првата македонска фудбалска лига, Работнички го искористи киксот на Шкедија и со победата над Гостивар се одлепи на челната позиција на табелата.
Работнички минимално го совлада Гостивар во Скопје со 1:0. Шестата победа, во десеттиот меч сезонава, на Рабптнички му ја донесе Мазари со голот постигнат во 15.минута.
Во исто време Шкендија како гостин одигра 0:0 со Тиквеш.
Вардар ја продолжи серијата порази. Црвено-црните против Беса го запишаа четвртиот пораз во низа. Есати погоди за Беса во 10.минута, изедначи Омерагиќ во 73., а четири минути подоцна Фетаи ги постави конечните 2:1.
Актуелниот шампион Струга, во финишот на натпреварт, во последните 10 минути доживеа дебакл во дуелот со Силекс. До 93.минута резултатот беше 1:1, потоа во интервал од осум минути играчите на Силекс постигнаа три гола.
Резултати, 10. Кокол:
Работнички-Гостивар 1:0
Тиквеш-Шкендија 0:0
Струга-Силекс 1:4
Беса-Вардар 2:1
Брера-Воска спорт 1:1
Пелистер-Шкупи 0:0
Табела:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сè погласни повици за суспензија на Израел од УЕФА и ФИФА, фудбалерите потпишуваат петиција

Сè повеќе се зборува за исклучување на Израел од сите фудбалски натпреварувања поради геноцидот што оваа држава го извршува во Газа, а УЕФА добива сè поголем притисок по тоа прашање.
Се очекуваше минатиот вторник УЕФА да донесе одлука за забрана за Израел, но тоа не се случи.
Сепак, исклучувањето на Израел е возможно во наредниот период бидејќи притисоците доаѓаат од сите страни.
Сега и фудбалерите го преземаат прашањето во свои раце.
Меѓу првите потписници на петицијата е 32-годишниот фудбалски ас Пол Погба, кој од оваа сезона го носи дресот на Монако, а на петицијата во моментов има уште 48 потписи од фудбалери.
Јасно е дека УЕФА ќе има голема работа, како и притисоци да не го исклучи Израел.
Сепак, како што стојат работите, сè повеќе се зголемува бројот на оние кои поддржуваат исклучување на Израел од фудбалските натпреварувања.
Како што пренесуваат медиуми од Англија, мнозинството претставници во УЕФА кои имаат право на глас се за тоа Израел да биде исклучен од сите натпреварувања под нивно покровителство, а истото се очекува да го направи и ФИФА.
Меѓународна група експерти од Обединетите нации пред неколку дена повикаа ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел од сите фудбалски натпреварувања, повикувајќи се на геноцидот во Газа.
Интересно е што УЕФА нема прецизна одлука што би се случило со бодовите за коефициенти кога станува збор ниту за клубовите ниту за репрезентацијата доколку натпреварите на Макаби Тел Авив бидат откажани во Лига Европа.
Веројатно репрезентациите би биле исклучени од тековните квалификации.
Спорт
Барса со пресврт до триумф против Реал Сосиедад и прво место во Ла Лига

Барселона со пресврт успеа да стигне до триумф против Реал Сосиедад, славејќи со 2-1 и преземајќи го врвот во Ла Лига со 19 бодови.
Гостите први се радуваа на овој дуел. Алваро Одриозола во 31. минута ја погоди мрежата на Барса и донесе предност за Реал Сосиедад.
Каталонците возвратија пред паузата. Жул Кунде по изведен корнер од левата страна со прецизен удар со глава израмни на 1-1.
Во продолжението, тренерот Ханси Флик го внесе Ламин Јамал, а младиот талент веднаш ја оправда довербата. Во 59. минута одлично му асистираше на Роберт Левандовски, кој ја реализираше шансата и ги постави конечните 2-1.
Со оваа победа, Барселона не само што ги освои трите бода, туку и ја презеде лидерската позиција во шампионатот.
Спорт
Шрудер му одговори на Атаман: За среќа, никогаш нема да ми бидеш тренер

Се чини дека крајот на Евробаскетот не значи и крај на расправиите – барем не меѓу селекторот на Турција, Ергин Атаман, и МВП на турнирот, германскиот плејмејкер Денис Шрудер.
Сè започна кога Атаман изјави дека е „најдобриот тренер во последните десет години“. На тоа реагираше Шрудер, а турскиот стратег возврати со коментар дека Германецот е „проблематична личност“.
„Германија победи во натпревар кој мислеше дека ќе го изгуби, па играчите добија дополнителен елан. Шрудер со ова видео покажа одреден проблем во карактерот. Не е тоа голем проблем, го припишувам на младоста. Но, тренерите во НБА треба да размислат – не е случајно што игра за различен тим секоја година“, изјави Атаман.
МВП-играчот на Евробаскетот не молчеше. Со порака на Инстаграм, Шрудер му возврати директно:
„Среќа што никогаш нема да бидеш мој тренер. Јас не ја започнав оваа расправија – ти ја започна. Ако веќе зборуваш глупости, поткрепи ги со аргументи – а тоа не го направи. Жал ми е, тренеру, звучи како да си повреден. Сепак, само љубов. Јас ќе бидам тоа што сум, а луѓето што ме познаваат – знаат.“
Не е првпат Атаман да влегува во вербални дуели со противници и кошаркари, но овојпат ја предизвика реакцијата на еден од најгласните и најхаризматични играчи во Европа. Спорот меѓу двајцата продолжува да ја бранува јавноста, а навивачите веќе коментираат дали ова ќе има епилог и на теренот.