Спорт
(Видео) Стонс во 95.минута не дозволи кикс на Сити кај Вулверхемптон

Фудбалерите на Манчестер сити победија како гости на Вулверхемптон во натпреварот од осмото коло на Премиер лигата со резултат 2:1.
Манчестер сити уште од самиот старт тргна во офанзива, но прими гол во раната фаза од натпреварот.
Вулверхемптон поведе во седмата минута благодарение на ударот на напаѓачот Јорген Странд-Ларсен. Имаа домаќините уште една сериозна шанса, но Еерсон успеа да го одбрани шутот на Семедо во ситуација „еден на еден“ во 18.минута.
„Граѓаните“ продолжија со нападите и до крајот на полувремето изедначија со голот на Гвардиол. Дефанзивецот на Сити од 20 метри испрати прокетил кој заврши во голотна Жосе Са.
Одоносот на силите на теренот не се семни и во вториот дел, Сити притискаше, а Вулверхемптон успешно го бранеше својот гол. Се до 95.минутакога по корнерот што го изведе Фоден, Стонс ја закова топката во голот.
Сити, барем за кратко се врати на челната позиција на табелата, додека Вулверхемптон со само еден бод се наоѓа на последното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шрудер му одговори на Атаман: За среќа, никогаш нема да ми бидеш тренер

Се чини дека крајот на Евробаскетот не значи и крај на расправиите – барем не меѓу селекторот на Турција, Ергин Атаман, и МВП на турнирот, германскиот плејмејкер Денис Шрудер.
Сè започна кога Атаман изјави дека е „најдобриот тренер во последните десет години“. На тоа реагираше Шрудер, а турскиот стратег возврати со коментар дека Германецот е „проблематична личност“.
„Германија победи во натпревар кој мислеше дека ќе го изгуби, па играчите добија дополнителен елан. Шрудер со ова видео покажа одреден проблем во карактерот. Не е тоа голем проблем, го припишувам на младоста. Но, тренерите во НБА треба да размислат – не е случајно што игра за различен тим секоја година“, изјави Атаман.
МВП-играчот на Евробаскетот не молчеше. Со порака на Инстаграм, Шрудер му возврати директно:
„Среќа што никогаш нема да бидеш мој тренер. Јас не ја започнав оваа расправија – ти ја започна. Ако веќе зборуваш глупости, поткрепи ги со аргументи – а тоа не го направи. Жал ми е, тренеру, звучи како да си повреден. Сепак, само љубов. Јас ќе бидам тоа што сум, а луѓето што ме познаваат – знаат.“
Не е првпат Атаман да влегува во вербални дуели со противници и кошаркари, но овојпат ја предизвика реакцијата на еден од најгласните и најхаризматични играчи во Европа. Спорот меѓу двајцата продолжува да ја бранува јавноста, а навивачите веќе коментираат дали ова ќе има епилог и на теренот.
Спорт
Арсенал со голем пресврт и гол во 96.минута го победи Њукасл

Арсенал приреди вистинска драма на „Сент Џејмс Парк“ и со гол во судиското продолжение успеа да слави против Њукасл со 1-2. Херој на „топчиите“ беше Габриел, кој во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го искачи својот тим на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Ливерпул, со само два бода негатива.
Домашниот тим прв стигна до предност благодарение на Ник Волтемаде, кој погоди во 34. минута. Но, Арсенал не се предаде и постојано притискаше.
Наградата дојде во завршницата. Прво Микел Мерино израмни во 84. минута, а потоа Габриел го комплетираше големиот пресврт со погодок во последните мигови од мечот.
Спорт
Саркастичен пост за Јунајтед, па катастрофа во Турција – вечерта на Онана што стана хит на мрежите

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден тежок удар на социјалните мрежи, и тоа од човек кој минатата сезона важеше за голем проблем на „Олд Трафорд“ – Андре Онана.
Камерунскиот голман, кој летово си замина од клубот, по поразот на Црвените ѓаволи од Брентфорд (3:1) саркастично објави на Инстаграм:
„И јас бев проблемот, нели?“ – придружено со емотикони за смеа.
Само неколку часа подоцна Онана беше повторно на терен, но никако не се прослави. Неговиот Трабзонспор славеше против Караѓумрук со 4-3, но токму Камерунецот беше виновник за два лесни гола во самиот финиш на мечот.
Во надополнувањето на времето прими два брзи гола за само две минути, со што ја врати драмата иако неговиот тим на крај сепак стигна до победата.
Од доаѓањето во Турција, Онана има одиграно три меча и сè уште нема сочувана мрежа. Досега прими пет гола во Суперлигата, а првата вистинска шанса за „чиста мрежа“ ќе ја има наредниот викенд, кога Трабзонспор ќе го пречека неефикасниот Кајсериспор.
И покрај неговите грешки, клубот од Трабзон има одличен старт на сезоната – по седум кола е второпласиран со 14 бодови.