Скопје
Дел од општина Карпош без вода
ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради дефект на затварач (шибер) Ф80мм. улица Римска 3. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Римска, Дрезденска, Њуделхиска, Панче Пешев, Наум Евро, Алжирска, Каирска и дел од улиците Анкарска, Атинска и следните објектите ОУ Војдан Чернодрински и градинката Мајски Цвет во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од с.Горно Лисиче (подуличката кај црква Св.Петар и Павле)(општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од булевар Јане Сандански кај Окта Петрол (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, поголем дел од корисниците на ул.Влае (општина Карпош)
– во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците во Волково на ул.14, 17, 47, 21, 23, 100 (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од с.Волково на ул.102 во близина на училишната зграда (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 11.30 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Зеничка и дел од ул. Коце Металец (општина Бутел)
– во периодот од 08.20 до 11.20 часот, корисниците од дел од улица Ферид Бајрам и поголем дел од улица Рокомија(општина Бутел)
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од дел од с.Голиево, Бразда и Кучевиште (општина Чучер Сандево)
Скопје
(Видео) Мицкоски: Почна изградбата на ново основно училиште за 700 ученици во Гази Баба
„Задоволство за мене претставува секогаш кога ќе бидам дел од ваков настан, каков што е овој да отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе од 700 дечиња ќе можат да се стекнуваат со знаење“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овде, од Општина Гази Баба, на администрацијата којашто е секогаш тука да помогне во реализација на вакви проекти.
Ние заедно како Влада со Министерството за образование и наука ќе продолжиме да помагаме во ваков тип на објекти, капитални инвестиции. Образованието претставува наш фокус и образованието е основа за правилен раст и развој на децата, но истовремено и темел на којшто треба понатаму да се гради една држава.
Така што уште еднаш дозволете ми еве да го искажам моето огромно задоволство што мислам градоначалникот рече во рок од максимум две години, овде ќе биде изградена една нова претставителна со европски квалитет зграда во којашто повеќе од 700 дечиња ќе можат да стекнуваат знаења, да се дружат и да ги поминуваат своите ученички денови во ова основно училиште“, додаде Мицкоски.
Скопје
Градоначалникот Герасимовски ги повикува граѓаните на буџетски форум за 2025 година
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на буџетскиот форум за 2025 година, кој ќе се одржи во понеделник, 21 октомври 2024 година, во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со почеток во 19 часот. Овој форум претставува можност граѓаните директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет, предлагajќи проекти и идеи кои се приоритетни за нив.
„Транспарентноста и отчетноста се клучни принципи на нашето работење. Секој предлог на нашите жители има вредност, а учеството на форумот ќе ни овозможи заеднички да донесеме решенија што ќе ги задоволат реалните потреби на општината. Ова е шанса граѓаните да го креираат својот начин на живеење во Центар“, изјави Герасимовски.
На форумот општинските сектори ќе ги презентираат и капиталните проекти кои се планирани за следната година, но и резултатите од проектите реализирани во изминатите три години. Преку овие дискиусии ќе се овозможи на граѓаните да имаат увид во напредокот и да дадат свои предлози за понатамошни подобрувања. Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки, со цел да се обезбедат проекти што директно ќе ги подобрат условите за живот во населбите.
„Очекуваме конструктивни предлози и идеи, бидејќи сите заедно сме одговорни за квалитетот на животот во нашата општина“, додава Герасимовски.