Спорт
Муди уште три години ќе остане во Голден Стејт

Кошаркарот на Голден Стејт, Мозес Моди постигна договор со челниците на НБА франшизата од Сан Франциско во следните три години да го носи дресот на Вориорс, пренесуваат медиумите во САД.
Според овој договор, дваесет и двегодишниот кошаркар, кој се очекува да биде еден од клучните фактори во играта на тимот, ќе инкасира 39 милиони долари
Муди влезе во четвртата година од руки договорот тимот со која ја освои НБА лигата, а имаше можност на почетокот на регуларниот дел од сезоната да ја промени средината.
Сепак, двете страни успеаја да се договорат, што значи дека 14. пик од драфтот во 2021 година ќе остане во Сан Франциско.
Мозес Муди минатата сезона одигра 66 натпревари за Вориорс и имаше просек од осум поени за 17,5 минути на теренот.
Новата сезона во НБА лигата започнува ноќта меѓу вторник и среда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лорен Блан доби отказ од Ал-Итихад

Францускиот стратег Лоран Блан веќе не е тренер на Ал-Итихад, клубот кој минатата сезона го одведе до титулата во Саудиска Арабија. Веста беше официјално потврдена еден ден по поразот со 0-2 од Ал-Наср.
Клубот ја сподели информацијата на социјалните мрежи, каде што се наведува дека со тимот ќе раководи капитенот Хасан Халика, а негов прв асистент ќе биде досегашниот тренер на екипата до 21 година, Иван Караско.
Тие ќе го водат Ал-Итихад сè до назначувањето на нов постојан шеф на стручниот штаб.
Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.