Контакт

Економија

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишните средби на ММФ и СБ

Објавено пред

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Емилија Нацевска. Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Нацевска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции.

dobivaj vesti na viber

Економските состојби и предизвиците од неколкуте кризи во изминатиот период, економските проекции, монетарната политика, заложбите за поддршка на зеленото финансирање и за справување со влијанието на климатските промени се дел од темите коишто ќе бидат обработени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со Жероен Клик, кој ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај, кој ќе ја преземе функцијата алтернативен извршен директор. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средби и со претставниците на одделите за статистика и за монетарните и капиталните пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки разговараат и соработуваат за повеќе суштински теми, како намалувањето на сиромаштијата, меѓународниот економски развој и финансии, развојот на човечкиот капитал и зајакнувањето на отпорноста и одржливоста.

Економија

ТИТАН УСЈЕ – Пионер во имплементацијата на практики од циркуларната економија во земјава

Објавено пред

ТИТАН УСЈЕ е меѓу првите во земјава кои активно применуваат циркуларни практики, особено преку копроцесирање на алтернативни горива како оризова лушпа и остатоци од текстилната индустрија. Во периодот од 2020 до 2024 година, околу 5% од топлинската енергија што ја користат печките на УСЈЕ доаѓа од нефосилни горива. Овие практики значително го намалуваат користењето на фосилни горива и придонесуваат кон декарбонизацијата на процесите во производството на цемент.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна Наташа Бакреска, менаџер за животна средина и алтернативни горива на ТИТАН УСЈЕ, на „Националната работилница за консолидација на институционалната рамка за транзиција кон циркуларна економија“, во организација на Економската комисија за Европа на Обединетите Нации, која денес се одржа во Скопје. На работилницата беа претставени концепти и бизнис модели на циркуларната економија, успешни примери од нивната имплементација и предизвиците. Со користењето на алтернативни горива како биомаса и текстилни остатоци, ТИТАН УСЈЕ дава пример за тоа како цементната индустрија е интегрирана алка во кружната економија и може да придонесе за значителна декарбонизација и позитивно влијание врз животната средина.

„Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите искуства и експертиза во корист на пошироката индустрија и општество Компанијата успеа да пренасочи од депонирање над 13.000 тони биомаса како оризови лушпи и текстил, пластика, хартија и картон кои не се погодни за рециклирање. Со тоа, УСЈЕ има позитивно влијание врз животната средина со намалување на зависноста од природните ресурси и е безбедно, одржливо решение за проблемот со управување со отпадот,” изјави Бакреска.

УСЈЕ исто така активно работи на производство на нискојаглеродни цементи, при што успеа да намали 2.600 тони CO2 во 2023 година споредено со 2022 година – резултат еквивалентен на отстранување од употреба на 560 автомобили годишно. Компанијата има за цел до 2030 година да го намали процентот на клинкер во цементот од 70% на 63%, задржувајќи го високиот квалитет на производите и придонесувајќи кон целта на ТИТАН Групацијата за нето-нула до 2050 година.

ТИТАН УСЈЕ останува посветена на својата мисија за одржлив развој и активно ја поддржува Северна Македонија во нејзините напори за циркуларна транзиција, истовремено придонесувајќи кон подобрување на квалитетот на животната средина и постигнување на глобалните климатски цели.

На работилницата учествуваа претставници на повеќе министерства, државни и образовни институции и на деловни асоцијации и компании, претставници на странски организации во земјава, како и од Република Бугарија и од Република Ирска. Целта на работилницата беше да се поддржат креаторите на политиките и регулаторите во нивните напори за успешно преминување кон циркуларна економија.

ПР објава

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Мерките на Владата немаат ефект, ја виде ли Бојан Стојановски минималната кошничка

Објавено пред

На вчерашната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека партијата нема да го поддржи Законот за минимална плата од 450 евра предложен од СДСМ и коалицијата со образложение дека треба да се почека синдикалната кошничка за да се види ефектот од мерките на владата. Ја виде ли Бојан Стојановски висината на синдикалната кошничка? Ете денеска е објавена, минималната синдикална кошничка за месец октомври изнесува 61.249 денари, односно во споредба со минатиот месец разликата е само 57 денари, истакнуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ова, според нив, е најголема потврда на она што граѓаните веќе го знаат, мерките на Владата за намалување на цените немаат никаков ефект, воопшто не се намалени цените на производите.

„Го повикуваме пратеникот Бојан Стојановски сега да излезе пред граѓаните, да признае дека мерките на Владата на Мицкоски се погрешни, без резултат и да го поддржи Законот за минимална плата предложен од СДСМ.

Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства.

Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно“, прецизираат од опозоциската партија.

Прикажи повеќе...

Економија

Стојаноски: Потребна е сериозна опозиција, синдикалната кошничка е намалена и ССМ потврдува дека мерките на Владата даваат резултати

Објавено пред

„Додека пратеничката Тренчевска држеше прес конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, а никако пристап на технички т.н грешки во кој што се промашуваат процентите за покачување на минимална плата и веднаш по тоа се аплицира тоа што е кажано во Собранието“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Она што е важно да се каже дека целокупната синдикална кошничка се има намалено за 57 денари, но доколку ги видите контрибуторите во синдикалната кошничка, ќе видите дека поскапувањето односно драстичното не намалување не доаѓа заради мерките кои што се од владата току заради поскапување на цената на облеката, додека оние мерки кои што се превземаа со проширувањето на позитивната листа на лекови имаат дадено резултат. Исто и мерката за ограничување на бруто маржа како и стапување на сила законот за нефер трговски практики и за симнување на капацитетите кои што тие закони ќе треба да ги контролираат. Апелираме до пратеничката група на СДСМ да станат посериозни да не се случуваат повеќе технички грешки, бидејќи еднаш беше таков случај со амандманите за ребаланс на буџетот, сега е по нив и втората техничка грешка заради тоа што во Собранието е потребна сериозна опозиција, а не опозиција која што за дневно политички теми исфрла памфлет закони кој што нема да го подобрат животот на работниците“, порача Стојански до опозициската СДСМ.

Во наредниот период, како што рече, ќе пристигне и текстот на новиот буџет за 2025 година.

„Таму има многу позитивни изненадувања за сите работници во Р. Македонија, без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор и нека припремат амандмани на начин на кој што може сериозно да го подобрат тој текст, а не да се пишуваат вакви закони кои што повторно ќе кажам немаат врска со реалноста“, посочи Стојаноски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

Битолчанец си го чистел таванот и нашол бомби

Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби. Се работи...

Македонија7 часа

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност...

Топ8 часа

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера, во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општата болница во градот недостига ехо-апарат. Се работи за апарат кој...

Македонија9 часа

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и...

Топ10 часа

Малолетници тешко повредени при судир на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа...

Топ10 часа

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со...

Македонија10 часа

Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето...

Македонија10 часа

„Очигледно и на бугарската политика не ѝ недостига демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека...

Македонија11 часа

ДУИ на средби со граѓаните: потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се...

Свет13 часа

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека, дефинитивно, не е сам, пишува Си-ен-ен

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит...

Свет13 часа

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во...

Свет15 часа

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија...

Европа15 часа

Руските сили ги враќаат изгубените територии: мапите покажуваат дека Украинците ги губат клучните позиции

Руските трупи продолжуваат да ги напаѓаат украинските сили во Курск, а мапите го покажуваат развојот на операцијата на Русија за...

Свет16 часа

(Видео) Пристигна реакцијата на Америка за испраќање севернокорејски војници против Украина

Ако Северна Кореја испрати војници во Украина, тоа би било „опасен и загрижувачки развој на настаните“, соопштија синоќа Соединетите Американски...

Свет16 часа

Извори: Хамас ќе биде предводен од петочлен комитет со седиште во Катар до нови избори

Исламистичката група Хамас, чиј шеф Јахја Синвар беше убиен од израелската армија, привремено ќе биде предводена од комитет со седиште...

Македонија1 ден

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево нов земјотрес е регистиран во Македонија. Се работи за земјотрес со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот...

Македонија1 ден

Бомбата фрлена во клубот во Тетово била активирана, но не експлодирала, соопшти полицијата

Министерството за внатрешни работи објави дека бомбата којашто беше фрлена утрово во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите...

Македонија1 ден

Mицкоски: Дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов

Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања Претседателот...

Македонија1 ден

Бомба во клубот на ПЦЕР на Самка Ибраимовски во Тетово: „Лицето што ја фрлило се вратило да провери дали е активирана“

Бомба заврши во клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово. Како што информира партискиот претседател Самка Ибраимовски,...

Македонија1 ден

Јаневска: Сè уште не е надминат проблемот со загревањето на училиштата во Карпош, се надевам дека со градоначалникот ќе најдеме решение

„За жал се уште не се надмина проблемот со загревањето на училиштата во Карпош“, посочи министерката за образование Весна Јаневска....