Спорт
Хјустон ги задржа пет, односно три години, Бејби Јоки и Грин
Ден пред почетокот на новата сезона во НБА-лигата, Хјустон Рокетс потпиша петгодишен договор со центарот Алперен Шенгун.
Центарт на Хјустон кого НБА-новинарите го нарекуваат Бејби Јокиќ доби петгодишен договор вреден 185.000.000 долари.
Шенгун стана првиот играч по Лука Дончиќ и Треј Јанг, кој потпишал петгодишно продолжување на руки-договорот. Тој има опција кога ќе влезе во последната петта година да преговара со други франшизи.
Минатата сезона Шенгун беше еден од шесте играчи кои во просек постигнуваа најмалку 21 поен, девет скока и пет асистенции, покрај суперѕвездите: Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Џоел Ембиид и Џулиус Рендл.
Хјустон исто така му даде на Џејлен Грин продолжување на договорот за три години од 106.000.000 долари, кој исто така ќе има опција за последната сезона.
Тој ги купи челниците на „ракетите“ со своите игри во март кога тимот нанижа 11 победи, а Грин имаше просек од 30,2 поени при 50 проценти шут од поле и 45 проценти шут за три поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фудбалската легенда на Уругвај ќе дебитира како тенисер
Диего Форлан, легендата на уругвајскиот фудбал, на 45-годишна возраст ќе дебитира во професионалниот тенис.
Како што пренесуваат медиумите во Монтевидео, поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Виљареал, Атлетико Мадрид и Интер е голем љубител на тенисот и наскоро ќе дебитира на АТП Челинџер.
На Светското првенство во Јужна Африка, Форлан ја подели титулата најдобар стрелец, го постигна најубавиот гол на турнирот и беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство.
По фудбалот, Форлан најде нова страст, тенисот, а турнирот во Монтевидео, каде што ќе се појави, еднаш во 2005 година го освои шампионот на Ју-ес опен од 2009 година, Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.
„Внимание тениски и спортски фанови! Оваа година на на Уругвај опен имаме неверојатно дуо: аргентинскиот тенисер Федерико Корија и поранешниот уругвајски фудбалер Диего Форлан. Да, нашата „десетка“ е опсен тенисер. Оваа година Форлан се натпреваруваше на повеќе турнири во категоријата 40+ во Монтевидео, во Лима и на ИТФ мастерсот за ветерани. Форлан е леворак во тенисот, спротивно од тоа како играше фудбал. Што мислите за ова? Имате ли верба во ова дуо?“, порачаа организаторите на челинчерот во Уругвај.
Форлан има 45 години, а Корија 32. Аргентинецот моментално е 101. на АТП листата, а турнирот на кој ќе играат заедно започнува на 12 ноември.
Спорт
Мијатовиќ се врати во Партизан, но ќе работи од Шпанија
Предраг Мијатовиќ (55), легендарниот поранешен црногорски ас на Будуќност, Партизан, Валенсија и Реал, се врати во белградскиот клуб каде се прослави како играч. Мијатовиќ, напаѓач на Партизан од 1990 до 1993 година, е нов член на управата на белградскиот клуб, соопштено е по седницата на Собранието на Партизан.
Мијатовиќ доаѓа во Партизан во време кога српскиот гигант го тресе невидена резултатска, финансиска и организациска криза и кога долгот на клубот изнесува 60 милиони евра.
Партизан летово беше елиминиран од сите три европски натпреварувања во прелиминарните рунди. Во првенството по десет одиграни натпревари веќе заостануваат 11 бода зад актуелниот шампион и лидер Црвена звезда, од која сезонава како домаќини загубија со 4:0.
Мијатовиќ најави дека нема да се пресели во Белград. Ќе работи од Шпанија: „Искрено, се уште не знам како сум денес овде. Но, станува се појасно. Се сретнавме двапати, таа одлука ја донесовме завчера. Си реков: дали е можно дека сум овде. Тука дојдов без никаков финансиски интерес, едноставно нешто „одвнатре“ ме викна“, изјави Мијатовиќ.
Тврди дека го убедил новиот претседател на Партизан, Расим Љајиќ: „Му реков благодарам како успеа да ме „сршиш“ и дам е убедиш. Имв повици од многу луѓе, сега имам информации и кога Расим ме убедуваше, како ме убеди, можеби еднаш и ќе кажеме како било во некои посреќните времиња“.
Спорт
Реал ќе ги пречека „милионерите“ од Дортмунд, Миовски со Џирона против Слован
Вечерва и утре во Лигата на шампионите ќе се одиграат натпреварите од третото коло. Колото ќе го обележат шпанско-германските пресметки.
Вечерва на „Сантијаго бернабеу“, во реприза на финалето од минатата сезона Реал Мадрид ќе ја пречека Борусија Дортмунд.
Од четворицата макеонски репрезентативци, вечерва шанса може да добие Бојан Миовски. Џирона има голема шанса да ја зашише првата победа во Лигата на шампионите. На „Мотоливи“ ќе гостува Слован Братислава.
Утре се очекува спектакл на „Монжуик“ во Барселона. Барселона која игра добри и ефикасно од стартот на сезоната ќе го пречека Баерн Минхен, тим од која редовно губеше изминатите сезона. Ова воедно ќе биде и пресметка на Ханси Флик со својот поранешен клуб.
Баерн со Флик на клупата, во корона сезоната, на турнирот за титулата во Лисабон ја декласира Барселона со 8:2.
Елиф Елмас со Лајпциг ќе има тешка задача против лидерот во Премиер лигата, Ливерпул, а Аријан Адеми и Стефан Рисотвски со Динамо гостуваат во Салцбург.
УЕФА Лига на шампиони, трето коло:
Вторник:
Милан – Клуб Бриж 18.45
Монако – Црвена Звезда 18.45
Арсенал – Шахтјор 21.00
Астон Вила – Болоња 21.00
Џирона – Слован Братислава
Јувентус – Штутгарт
ПСЖ – ПСВ Ајндховен 21.00
Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 21.00
Штурм – Спортинг 21.00
Среда:
Аталанта – Селтик 18.45
Брест – Баер Леверкузен 18.45
Атлетико Мадрид. – Лил 21.00
Барселона – Баерн 21.00
Бенфика – Феенорд 21.00
Манчестер сити – Спарта Прага 21.00
Салцбург – Динамо Загреб 21.00
Јанг Бојс – Интер 21.00)
Лајпциг – Ливерпул 21.00