Спорт
Артета загрижен за повредата на Калафиори
Арсенал синоќа го победи Шахтјор со 1:0 во третото коло во Лигата на шампионите. „Топџиите“ славеа со авто голот на Рижик во 29.минута, во 77. пенал не реализира Тросар.
Арсенал не блескаше против шампионот на Украина, но за Артета најважни се трите бода. Шпанскиот стратег повеќе од просечната игра е загрижен за повредата на Рикардо Калафиори.
Италијанскиот дефанзивец во 72.минута мораше да го напушти теренот.
„Во моментов немам точни информации за што се работи, но сигурно не изгледа добро. Чувствуваше болка во коленото, се обидуваше да игра, но не можеше. Ќе видиме по деталните лекарски прегледи за каква повреда се работи“, изјави Артета.
Калафиори е неизвесен за дербито со Ливерпул во ндела.
„Имавме пауза поради репрезентативни обврски и некои играчи се навистина уморни, па не ни очекував дека ќе бидеме полни со енергија за овој натпревар, особено што пред два дена одигравме натпревар во домашното првенство. Имаме неколку дена одмор и рехабилитација пред нас и не грижете се, моите играчи ќе летаат на теренот против Ливерпул“, рече Аретата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Саутгејт, Потер или Мојс, некој се враќа! Кој би можел да биде прв во Премиер лигата?
Оливер Гласнер сега веќе е на тенок мраз во Кристал Палас, а англиските медиуми веќе ги истакнуваат потенцијалните замени.
Како што открива Гардијан, во игра се три познати имиња за позицијата менаџер на Кристал Палас – Герет Саутгејт, Грам Потер и Дејвид Мојс.
Сите тројца се уште се без работа, и многу е жешко да се вратат на големата сцена.
Саутгејт летово ја напушти клупата на репрезентацијата, Грем Потер година и пол е на платен список на Челзи и се уште ја чека вистинската понуда за враќање, додека Мојс исто така од летото е слободен, откако се раздели со Вест Хем.
Гласнер наводно ќе добие уште три натпревари за да го извлече тимот од резултатска криза, а доколку не успее во тоа, големи се шансите да остане без работа за време на репрезентативната пауза во ноември.
Кое е најдоброто решение за клупата на Палас и кого повеќе би сакале да видите во Премиер лигата?
Спорт
„Алкалоид“ продолжува со победи на Европскиот шаховски клупски куп
Во третото коло на Европскиот Клупски Куп, шахистите на Алкалоид имаа тежок дуел со незгодниот израелски клуб екипата “Beer Sheva Chess Club” од Израел, во кој извојуваа тесна победа со 3,5: 2,5 поени. Израелската екипа, која во својот состав имаше шест велемајстори, е една од најстандардните, редовни учесници на шаховскиот „Куп на Шампиони“.
Индијскиот Велемајстор Ајрун Еригаиси ја потврди својата висока класа и одличен резултатски тренд оваа година со уште една победа, мошне значајна за конечниот исход во мечот. Со црни фигури, го совлада Велемајсторот Виктор Михалевски. Во рана средишница, Еригсаиси го изненади противникот со еден многу активен потег, а противникот одговори со жртва на фигура за напад на кралот. Следуваше ладнокрвна одбрана и сигурна победа за Алкалоид.
Во сите останати пет партии, шахистите на “Beer Sheva Chess Club”, одиграа одличен меч, на високо ниво и успешно парираа на алкалоидовите велемајстори, така да и покрај долгата борба, партиите завршија со реми. Стандардно, Ју Јангји покажа маратонска упорност, и до шеесетиот потег во топовска завршница се обидуваше да најде шанса за победа.
По три одиграни кола само осум екипи останаа со максимален учинок од три побeди и во последните четири кола низ меѓусебни дуели ќе го одлучат победникот. Накусо кажано, преку постигнатите резултати се докажа дека најсилните осум екипи по рејтинг на крајот од третото коло се наоѓаат во водство на табелата со максимален број на победи, што иако беше очекувано – во пракса ретко се случува бидејќи во минатото се покажало дека често има пријатни изненадувања.
На овој турнир кој соодетствува на фудбалската „лига на шампионите“, каде што само еден клуб на крајот ќе се радува на европската титула, ШК Алкалоид во четвртото коло како свој противник ќе го има словенечкиот „Тајфун“ кој е шести носител.
Спорт
Директорот на Шахтјор за трансферот на Мудрик: Не купуваш Ферари ако не знаеш да го возиш
Директорот на Шахтјор Доњецк, Сергеј Палкин, човекот кој ги ангажираше речиси сите најдобри играчи кои украинскиот клуб ги донесе во последните 20 години, сликовито објасни како Челзи не знае како да го искористи Михаило Мудрик (23) на вистински начин Потенцира дека не се работи за „трансфер измама“.
Да потсетиме, „сините“ за младиот крилен напаѓач во јануари минатата година платија дури 70.000.000 евра, со уште 30.000.000 во вид на бонуси.
„Тоа беше најголемата зделка во историјата на украинскиот фудбал, без сомнение. Дали беше измама? Не, се разбира дека не. Станува збор за фактот дека не ви треба „Ферари“ ако не знаете да го возите. “ изјави Палкин..
„Луѓето во Челзи требаше да размислат како ќе го користат Мудрик пред да одлучат да го купат. Сигурен сум дека момчето ќе покаже квалитет ако добие шанса. Тој е играч кој прави разлика и тоа се покажува со неговите настапи во националниот дрес многу малку играчи во светот го имаат тој квалитет“.
Мудрик оваа сезона на теренот мина само 425 минути и забележа три асистенции. Откако пристигна на „Стемфорд Бриџ“, 23-годишниот Украинец одигра 66 натпревари, постигна седум и забележа исто толку асистенции.