Контакт

Македонија

Во Струмица откриени 11 лица што вршеле јавен превоз без лиценца

Објавено пред

Вчера на полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија и ОВР Валандово на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Гевгелија, Богданци и Валандово извршиле контрола на патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(35) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од село Баница, струмичко,  патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Х.К.(30) од Струмица,  патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од село Баница, струмичко, патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(33) од Струмица, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.А.(44) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(35) од село Пиперево, општина Василево,   патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Баница, струмичко и патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(44) од село Доброшинци, општина Василево.

dobivaj vesti na viber

При контролата било констатирано дека возачите со возилата вршат јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа се сретна со жителите на Дебар Маало во рамки на караванот „Се гледаме во маало“. Средбата се одржа на спомен-клупата на Горан Стефановски, каде што дебармаалци имаа можност директно да разговараат со градоначалникот, да дадат предлози и да се информираат за тековните и планирани општински активности.

dobivaj vesti na viber

„Дебар Маало е боемската душа на Центар. Ни е важно да го зачуваме тој идентитет, но и да создадеме услови за нормален и квалитетен живот“, рече Герасимовски, најавувајќи засилена комунална и градежна инспекција со цел да се подобри редот и мирот во населбата.

Во таа насока, тој информираше и за планот за воведување нов сообраќаен режим во зоните „Дебар Маало 1 и 2“ и „Парк“, со ограничено движење на моторни возила и создавање безбедни пешачки зони. Во тек е реконструкција на улицата „Дебарца“, а веќе се реконструирани улиците „Алберт Ајнштајн“, „Андон Дуков“ и „Донбас“, кои со години беа во лоша состојба.

Во делот на образованието, граѓаните го поздравија проширувањето на капацитетите на ООУ „Коле Неделковски“, со што по шест децении се овозможи едносменска настава за учениците.

Средбата опфати и прашања од областа на културата и јавниот простор. Герасимовски најави нов мурал на улицата „Орце Николов“, посветен на „Бушавата азбука“, покрај веќе постојните на Стефановски и Џамбазов кои ги красат дебармаалските фасади. Дополнително, беше отворено и прашањето за изградба на нова современа општинска зграда на местото на постојните бараки – со сала за Совет, простор за здруженија, подземен паркинг и задржано зеленило.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Филипче молчи и за 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година. Молк од Филипче и за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“. Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче. Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое го возеше и во предизборната кампања а е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ. Кланот Заеви и Филипче создале криминална шема од фирми преку кои профитирале милионски суми од препродажба на јаглен во моменти кога државата била во енергетска криза, а граѓаните плаќале поскапа струја“, велат од партијата.

Од таму бараат јавното обвинителство да отвори истрага и да поведе постапка.

Прикажи повеќе...

Македонија

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

Објавено пред

Од

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со Канцеларијата на Ппретседателот на Владата, ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, соопштија од Владата.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека тоа покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.

„Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга. Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка“, велат од Владата.

Од таму ги повикуваат и ги охрабруваат сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет1 час

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија1 час

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет13 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија14 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ15 часа

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија17 часа

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија20 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија20 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија20 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија22 часа

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија23 часа

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија1 ден

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија1 ден

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет1 ден

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...

Европа1 ден

Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение...

Свет1 ден

Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот...

Европа1 ден

Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад врз Харков, гори станбена зграда: има мртви и многу повредени

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе...

Свет2 дена

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...