Регион
Со нож избол психијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје
Црногорската полиција денеска го уапси шеесет и петгодишниот Д.В. од северот на Црна Гора, бидејќи со нож нападнал и повредил лекар невропсихијатар кој не сакал да му издаде потврда за носење оружје.
Како што изјави за црногорските медиуми директорот на Општата болница Саша Грбовиќ, докторот Илхан Турсумовиќ се здобил со убодна рана во пределот на стомакот и расекотини на рацете и градниот кош.
„Животот на Турсумовиќ не е во животна опасност и во моментов му е укажана лекарска помош“, изјави Грбовиќ.
Според неофицијални информации Д.В. нападнал невропсихијатар бидејќи лекарот одбил да потпише лекарско уверение за носење оружје ден претходно, пренесуваат локални медиуми.
Инцидентот го потврди и црногорската полиција која преку соопштение наведува дека Д.В. „најпрво физички, а потоа со употреба на ладно оружје, нож нападнал лекар во Општата болница Пљевља и го повредил во пределот на градниот кош.
Според статистиката на црногорското Министерство за здравство од август, дури 11 отсто од црногорските медицински работници од почетокот на годинава биле изложени на физички напади. Исто така, истото истражување покажало дека дури 95 отсто од лекарите од итната медицинска помош доживеале вербален напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Експлозија на плинска боца во Лесковац, повредена трудница, која минувала покрај локал
Една жена е повредена само затоа што случајно одела пред Здружението на бранителите во Лесковац кога во него експлодирала плинска боца.
Парче од стакло ѝ го пресече лицето и итно е пренесена во болница, потврди новинар на самото место.
„Жената се чувствува добро и по укажаната помош, е пуштена дома. Инаку, таа е во рана бременост, па направивме и детаљни прегледи“, вели директорот на лесковачката општа болница, Небојша Димитриевиќ.
Шанкот целосно изгорел, а пожарникарите набрзина успеале да го локализираат пожарот за да не се прошири на другите околни згради.
Инаку, пожарот сè уште се гасне, а улицата во моментот е затворена за сообраќај. Исто така, во овој дел од градот нема струја.
Регион
Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик
Утрово, во 8 часот, во дворот на Средното металуршко училиште во Сараево е повреден ученик.
Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник бил повреден во потколеницата“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпарол на полицијата.
Се утврдува степенот на повреди на малолетникот, а другиот е под контрола на полициски службеници.
„На повредениот малолетник констатирана му е полесна физичка повреда“, додаде Новалиќ.
Регион
Вулин: Вучиќ и Путин се пријатели
Потпретседателот на српската влада Александар Вулин престојува во Казан, каде се одржува самитот на БРИКС во организација на Владимир Путин. По тој повод тој даде интервју за РИА Новости и рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот руски колега се пријатели.
„Србија изразува надеж дека ќе има можност да стане членка на БРИКС, организација која нуди поголема слобода и не бара промена на политичкиот систем или пристапување кон режимите на санкции“, рече Вулин во интервјуто.
Тој истакна дека Србија се чувствува добредојдена меѓу пријателските земји на БРИКС, кои, како што наведе, обезбедуваат слобода на избор, што е важна алтернатива за Белград.
„За прв пат можеме да избереме. Треба да научиме дека, на крајот на краиштата, можеме да избираме. Ова е многу важно за нас. Многу сум заинтересиран да дознаам повеќе за БРИКС и се надевам дека ќе има место за Србија“, рече Вулин на маргините на самитот.
Вулин рече дека БРИКС не бара од своите членови да ги променат политичките системи или да се приклучат на санкциите. Тој посочи и дека претседателот на Србија е голем поддржувач на пријателството со Русија и дека ја почитува нејзината историја и култура.
„Мојот претседател навистина се восхитува на историјата на Русија, нејзината култура и тој е непоколеблив поддржувач на пријателството меѓу Русија и Србија. И, ако можам да го кажам тоа, Вучиќ и Путин се пријатели“, рече Вулин, додавајќи дека Вучиќ планира да присуствува на 80. годишнина од победата над нацизмот во Москва.
„Затоа очекувам средба меѓу претседателот Вучиќ и претседателот Путин во Москва, но дали ќе се сретнат во трети земји, сега не можам да кажам“, вели Вулин.
Покрај Вулин, во српската делегација на самитот на БРИКС во Казан се и министерот за одбрана Братислав Гашиќ, министерката за економија Адријана Месаровиќ и министерот без ресор Ненад Поповиќ, задолжен за меѓународна економска соработка и социјалната положба на Црквата.