Европа
Мишел: Ние треба да одлучиме кој ќе влезе во ЕУ, а не шверцерите на мигранти

Изразеното единство во реакциите на пандемијата на Ковид и рускиот напад врз Украина се најголемите достигнувања на ЕУ во последните пет години, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во своевидно проштално интервју.
Мишел помина 10 години во Европскиот совет, првите пет како белгиски премиер, а останатите како претседател на најважното политичко тело во ЕУ.
Неговиот мандат истекува на 1 декември, кога на негово место ќе дојде поранешниот португалски премиер Антонио Коста. Последниот самит на Мишел ќе биде неформален самит на 8 ноември во Будимпешта. Тој смета дека начинот на кој ЕУ реагираше на пандемијата Ковид 19 е едно од најголемите достигнувања во последните пет години.
„Фактот што едногласно донесовме одлуки е можеби поважен од финансиските бројки, односно создавање инструмент за економско закрепнување од последиците од пандемијата“, рече Мишел во интервју за European newsroom (ENR), заедничка проект на околу 20 европски новински агенции.
Како главни предизвици за иднината на ЕУ, тој гледа како да се обезбеди поголем економски раст и повеќе иновации и како да се инвестира повеќе во развојот на европските одбранбени капацитети. Тој вели и дека треба да се зајакне улогата и видливоста на ЕУ во светот.
Како уште едно достигнување го посочува единството во реакцијата на руската агресија врз Украина, кога ЕУ одлучи да и помогне на Украина колку што може и да воведе санкции кон Русија.
Притоа тој ја нагласува важноста на единството на ЕУ и Европскиот совет како чувари на тоа единство. „Европскиот совет е на некој начин контролната кула на европското единство, тој е негов чувар“, рече тој.
Тој вели дека реакцијата на ЕУ на рускиот напад врз Украина била патоказ за другите актери во светот да застанат на страната на нападнатата земја. Од друга страна, ЕУ можеше да биде поамбициозна кога станува збор за Блискиот Исток.
„Ние сме првиот економски партнер на Израел и првиот партнер за палестинскиот народ и мислам дека треба да бидеме поамбициозни во користењето на алатките што ги имаме од двете страни. Го потценуваме влијанието што би можеле да го имаме доколку бевме поамбициозни“, рече Мишел, додавајќи дека блискоисточното прашање води кон поларизација во светот и во ЕУ.
„Апсолутно сум убеден дека проширувањето е можно до 2030 година. Во интерес на ЕУ е да не ги остави земјите од Западен Балкан во некоја сива зона, каде што некои други играат игри за дестабилизација на тие земји и на ЕУ“, вели Мишел.
Тој посочува дека проширувањето не треба да се одложува бидејќи колку станува потешко, толку повеќе „некои други кои не ги делат нашите вредности“ ќе го искористат тоа. Тој смета дека нерешените спорови меѓу земјите кандидати и меѓу земјите-кандидати и земјите-членки се најголем предизвик за проширувањето.
Кога станува збор за финансиските последици од проширувањето за ЕУ, земјите од Западен Балкан не се голем проблем поради нивната големина, додека Украина е нешто покомплициран случај бидејќи нејзиниот влез ќе има видливи последици врз структурата на Европската буџет поради големината на земјата, но исто така е можно да се најдат прагматични решенија, вели Мишел.
За едногласноста како можна пречка за проширување, вели дека работите не се „црно-бели, туку вистината е на средина“.
Мишел вели дека е постигнат голем напредок по прашањето на миграцијата со усвојувањето на Пактот за миграција и азил, кој ќе почне да се применува во 2026 година.
Тој пакт беше усвоен со квалификувано мнозинство, поради што „некои земји се фрустрирани од некои елементи од тој договор“, вели Мишел. Тој додава дека треба да се подобри и забрза враќањето на илегалните мигранти. Малиот број на враќање на илегални мигранти им дава надеж на оние кои се подготвуваат да влезат илегално дека ќе можат да останат во ЕУ, што е искористено од шверцери на луѓе кои заработуваат од нив.
„Ние треба да одлучиме кој ќе влезе во ЕУ, а не шверцерите“, вели Мишел.
На крајот порача дека ЕУ мора да направи се за да ја задржи поддршката од граѓаните.
„Тука треба да бидеме храбри и да објасниме што правиме, зошто го правиме тоа на тој начин, зошто ја поддржуваме Украина, зошто мислиме дека проширувањето е вистинскиот избор, зошто треба да се забрзаат напорите за вклучување на нови членки“, рече Мишел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото+видео) Опасна бура во Словенија: паѓаше град со големина на јајце, издадено портокалово предупредување

Словенија е погодена од силни бури придружени со силни налети на ветер, поројни дождови и град.
Сообраќајот во земјата е забавен, а Агенцијата за заштита на животната средина издаде портокалово предупредување за целата територија.
Од агенцијата посочуваат дека поради дождот може да дојде до задржување на вода и зголемување на реките.
На објавите на социјалните мрежи се гледа дека паѓал град со големина на јајце.
Според објавите и коментарите, најлошото било околу Шемпетер во долината Савиња.
Како што јавува ТВ Словенија, во текот на вечерта бурата постепено ќе ослабне , најдоцна на истокот од земјата.
Бура пристигнува и во Хрватска
Силна бурна ќелија, која пристигна преку брегот од Италија, се движи кон внатрешноста на Хрватска, придружена со врнежи од дожд, силни налети на ветер и локален град.
Водна пијавица е снимена над морето во близина на Умаг. Се очекува активноста на бурата дополнително да се интензивира во наредните часови.
Управата за заштита на животната средина издаде портокалова тревога за регионите Риека, Карловац и Загреб поради локално можни грмотевици со привремено силни до бурони ветрови, а можна е и појава на град.
Европа
Колона долга околу 700 километри забележана на автопат во Франција

Колона долга речиси 700 километри е забележана денеска на автопат во Франција, додека вкупната должина на сите колони на патиштата во земјата изнесуваше 1.051,6 километри во време на зголемен сообраќаен интензитет поради летните одмори и смената на туристи, што колоквијално се нарекува „Црна сабота“.
Како што извести BFM TV, сообраќајот на патиштата во Франција дополнително бил забавен поради две сообраќајни несреќи на автопатот кон Медитеранот и Атлантскиот Океан.
Според податоците на Bizon Futé, француската агенција за следење на состојбата на патиштата, до 7 часот утрово колоните биле подолги од 200 километри, а до 10 часот веќе надминале 570 километри.
Како што беше соопштено, гужвите се во согласност со прогнозите на агенцијата, која предупреди на „исклучително тешки сообраќајни услови“ за оваа сабота, а врвот на метежот се очекува околу пладне.
Сообраќајот во правец кон Алпите исто така е интензивен и загушен, со задржувања од час и 45 минути во тунелот Мон Блан во правец кон Италија
Европа
Финска, Норвешка и Шведска под жештина невидена од 1961 година

Земјите од Северна Европа, познати по својата студена клима, се соочуваат со интензивни топлотни бранови, со температури над 30 степени Целзиусови во подолг временски период.
Во норвешкиот дел од Арктичкиот круг, метеоролошките станици регистрирале температури над 30 степени Целзиусови дури 13 дена во јули, додека Финска имала три последователни недели со температури од 30 степени, пишува денес британскиот „Гардијан“.
Според научниците, тоа е најдолгиот период според историските податоци од 1961 година, а трае 50 проценти подолго од претходниот рекорд.
„Топлотниот бран е сè уште во полн ек, со максимални температури денес околу 32-33 степени. Дури и арктичките региони забележаа три недели со температури над 25 степени и може да ги соборат своите августовски температурни рекорди утре“, изјави Мика Рантанен, климатолог во Финскиот метеоролошки институт, во објава на социјалните мрежи.
Норвешкиот метеоролошки институт соопшти дека температури над 30 степени се регистрирани 12 дена во јули во најмалку една станица во трите најсеверни покраини на Норвешка.
Во Шведска, метеоролозите, исто така, регистрираа продолжени топлотни бранови во неколку северни градови, при што метеоролошката станица во Хапаранда регистрираше температури од 25 степени или повеќе 14 дена по ред.
Овие топлотни бранови, кои ја погодија северна Европа кон средината на јули, беа предизвикани од топлите води покрај северниот брег на Норвешка, кои ги покачија температурите во нордиските земји за осум до 10 степени над сезонските норми.
Поради интензивен топлотен бран, лизгалиште на мраз во северна Финска ги отвори вратите за луѓе кои бараат засолниште од жештината, откако локалните болници беа преполни, а сточарите предупредија дека нивните ирваси се на работ на смртта од жештината.