Спорт
Одложен утрешниот натпревар Болоња-Милан
Натпреварот меѓу Болоња и Милан во италијанското првенство нема да се одигра в сабота од 18 часот, како што првично беше планирано поради временските услови, соопштија локалните власти во Италија.
„Натпреварот Болоња-Милан би вклучувал присуство на 35.000 луѓе на стадионот Ренато Дал’Ара во близина на најфреквентното место во градот“, соопштија општинските власти на Болоња.
„Тоа би значело проблеми со јавниот ред со присуство на навивачи и затворање на сообраќајот на целата област од рано попладне до вечер“, се додава во соопштението.
Синоптичарите предвидуваат обилни врнежи од дожд во сабота во Болоња, каде веќе има дожд оваа недела, особено во областа каде што се наоѓа стадионот, каде што имаше поплави.
Новиот термин на натпреварот се уште не е објавен, веројатно натпреварот ќе се одигра во декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал во јануари ќе го донесе Лапорт
Сакал или не, Флорентино Перез мора во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната. Дани Карвахал поради тешка повреда ја заврши сезоната, а никој во Реал не знае точно да каже кога ќе се врати Давид Алаба. Австриецот не игра од декември минатата година.
Шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез работи на случајот. Според овие извори Реал сака да го врати во Шпанија, Ајмерик Лапорт.
Францускиот Баск, кој има и шпански пасош е фудбалер на Ал Наср. Лапорт шест години беше играч на Атлетик Билбао. Во 2018 година за 65.000.000 евра се пресели во Манчестер сити, а од пред две сезони е играч на Ал Наср.
Стандарден е член на шпанската репрезентација со која летово стана европски шампион.
🚨 Real Madrid plan to sign Aymeric Laporte from Al-Nassr this winter! 🤯🤍
(Source: @marca) pic.twitter.com/QXeu9ieLL4
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 25, 2024
Спорт
Месина: Димитриевиќ мора самиот да си помогне
Еторе Месина со Олимпија Милано се на дното на табелата во Евролигата со само една победа од пет натпревари.
Синоќа, во Милано, Олимпија дожиева пораз од Анадолу Ефес 84:96. Тимот на Месина имаше минус од 21 поен по првиот дел, во третата четвртина домаќините дојдоа до негатива од четири поени, но Шмитс и Бобоа погодија тројки и ја врати двоцифрената разлика. Миротиќ го предводеше Милано со 26 поени, Ненад Димитирјевиќ одигра лош натпревар за 13 минути имаше само една асистенција и една загубена топка.
Месина по натпреварот ги критикуваше своите играчи, а го издвои Ненад Димитријевиќ.
„Има проблеми на сите позиции. И офанзивно и дефанзивно. Тој е во голем проблем бидејќи ова е повисоко ниво, моја работа, но и работата на тимот е да му помогнам. Неговата работа да не бара оправдувања во главата. мора да направи чекор напред“, рече Месина.
„Постои прашање на сила и конкурентност на двете страни на теренот. Мислам дека шутираше четири слободни фрлања на пет натпревари во Евролигата. Во лигата е поинаку, а ние мораме да му помогнеме. Тој мора и тој самиот да си помогне“, заклучи Месина.
Спорт
Трка со препреки во Кучково
На 27 октомври 2024 година, во селото Кучково, Општина Ѓорче Петров (кај Крстот), ќе се одржи четвртата трка со препреки во Македонија, организирана од страна на Спортското здружение Отаку.
Предизвикот во Кучково е трчање во должина од 13 километри по планинска патека совладувајќи 18 интензивни препреки. Секој учесник треба да помине низ кал, да се искачи на стрмнини, да се прекачува преку високи ѕидови, да се натпреварува во различни активности, како што се носење товар, ползење и фрлање копје.
По завршувањето на трката, ќе се одржи церемонија за наградување на најдобрите во категориите: мажи, жени и тимови.
„Ги покануваме сите љубители на спортот, авантурата и природата во недела во 11 часот кај Крстот во с. Кучково да ги бодрат натпреварувачите и да уживаат во единствената трка со препреки. Подгответе се за адреналин, кал и многу забава!“, порачаа организаторите на настанот.
Трката со препреки (OCR) има цел да промовира спорт и рекреација, притоа промовирајќи ги и природните убавини и вредности во Македонија.