Македонија
(Видео) Посетата на Фон дер Лајен беше можност Владата да ја презентира стратегијата за излез, но тоа не се случи, вели Кузеска
Посетата на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, беше можност Владата, конечно, да ја презентира стратегијата за излез од сегашните позиции и отварање на кластерите, со што можеме да фатиме чекор со Албанија. За жал, тоа не го направија, оцени портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Од друга страна, пораките на Фон дер Лајен беа јасни како за уставните измени така и за Коридорот 8. Ја повикуваме Владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат, туку да ги спроведуваат пораките во интерес на граѓаните. Сите други толкувања власта се обидува да ги наметне се замајување на јавноста на штета на напредокот на државата.
Стратегијата треба да ни биде да стекнуваме поддршка во Брисел и кај државите членки, а не да се измислуваат изговори, кои се само за внатрешна политичка употреба. Тоа не го решава проблемот, туку го одлага“, додава таа.
Истовремено, според неа, конфузни се и изјавите на партнерите на Мицкоски во Владата.
„Од една страна, Таравари вели дека пораките се јасни од ЕУ и дека нема можност за измени, но од друга, Муртезани тврди дека има поддршка од земји членки за ставот за одложено дејство на уставните измени.
Прашањето е: ќе се консолидира ли, конечно, владиниот тим или ќе продолжиме да живееме во паралелен свет, а државата да ја водат паралелни влади? Ова е сериозен проблем, кој ги држи и земјата и граѓаните во заложништо и хаос што го создава Владата на Мицкоски. Токму затоа СДСМ бараше да се свика затворена седница на Владата за кончено да слушнеме дали има и кој е планот на Владата за ова прашање.
Над 75 % од граѓаните сакаат влез во ЕУ. СДСМ ќе продолжи да дејствува конструктивно, но нема да бидеме дел од манипулации и одлагања како алатка за кочење на иднината на младите. Ние сме на чекор пред целта, Владата треба да се охрабри и да го нарпави тој последен чекор“, вели Кузеска.
Ја повика Владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат, туку да ги спроведуваат пораките во интерес на граѓаните.
„Од нас ќе имаат поддршка доколку го променат досегашното однесување и доколку почнат да дејствуваат на конструктивен начин“, нагласи Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

