Контакт

Регион

Eвакуиран aеродромот во Сараево поради дојава за поставена бомба

Објавено пред

Поради анонимна дојава дека на Меѓународниот аеродром во Сараево била поставена експлозивна направа, патниците биле евакуирани, пренесува „Кликс“. Во тек е увид на пиротехничарите, кој ќе трае неколку часа.

dobivaj vesti na viber

„По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи во просториите на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки во согласност со важечките безбедносни протоколи. Се врши детален интервентен преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции, обезбедена е целосна безбедност на сите патници и на вработените на аеродромот.

Ги молиме граѓаните за разбирање и благодариме за трпението. Меѓународниот аеродром во Сараево ќе продолжи да ја следи ситуацијата и навремено ќе ги пренесеме сите дополнителни информации“, соопштија од аеродромот.

Покрај аеродромот, дојава за бомба добиле и три средни училишта во Сараево, пренесува „Кликс“. Евакуирани се и училиштата, пишуваат локалните медиуми.

Регион

Крах на сезоната во Црна Гора, плажите полупразни: „Не ни требаат скржави туристи“

Објавено пред

Полупразните плажи, градини со кафулиња и ресторани, како и повеќе од 50 проценти од достапните апартмани и соби во приватниот сместувачки капацитет потсетуваат на пандемските денови, додека жителите на црногорското крајбрежје сè уште чекаат конечно да започне сезоната, иако крајот на јули се приближува, пишува Нова.рс.

dobivaj vesti na viber

И покрај малиот број гости оваа година, цените не паѓаат – неодамна, јавноста беше зачудена од веста за лежалките во Пржно, недалеку од Свети Стефан, кои чинат дури 200 евра, додека на градските плажи цените се движат помеѓу 15 и 120 евра. Приватното сместување чини од 40 до 90 евра и повеќе, во зависност од локацијата и капацитетот.

Иако странските јазици се слушаат на секој чекор – италијански, германски, шпански – и иако поголемите крајбрежни градови во Црна Гора се преполни со Руси, Украинци и Турци во текот на целата година, локалното население вели дека чека само – Срби.

„Гостите од Србија трошат сè што ќе донесат за седум дена и се враќаат дома. Не штедат пари, не штедат на одмор, додека другите се скржави. Не ни требаат такви туристи. Оваа година имаме невообичаено малку гости од Србија и Босна. Луѓето очигледно немаат пари за сместување или храна од продавницата бидејќи сè е толку скапо што не знаеме ни како преживуваме. Ги нема ни тие „домати-туристи“. Сепак, мислам дека цените треба итно да се намалат, можеби август ќе не спаси“, нагласува Милјана, сопственичка на салон за убавина во Будва.

Некои локални жители ја обвинуваат политиката за слабата посетеност на гостите од Србија.

„Оние што годинава започнаа бизнис на море веќе се плашат од долгови и можен банкрот. Еден мој пријател отвори кафуле на плажа, киријата е огромна – десетици илјади евра за сезоната – и сигурно нема да може да го покрие тоа. Ова не е како во периодот на корона, но е доста слично. Цените во кафулињата се високи, но ние келнерите не одлучуваме за тоа, туку шефовите и државата. Ако сакаат да привлечат туристи, нека ги намалат цените“, вели Јовица, келнер кој работи во кафуле на црногорскиот брег.

Повеќето сопственици или закупувачи на плажни објекти, ресторани и кафулиња поседуваат и дел од плажата каде што наплаќаат за лежалки и чадори за сонце.

„На градските плажи цените се пониски, се движат од 15 до 40 евра, но штом се оддалечите малку подалеку од центарот, каде што има поголема удобност, цените растат – до 120, 150, па дури и 200 евра. Малкумина можат да си го дозволат тоа денес. Оние што водат бизниси остануваат без клиенти и тонат во долгови, а оние што би дошле на море не доаѓаат затоа што не можат да платат“, објаснува тој.

Луѓето се принудени да плаќаат за сончање
Најскапата работа е на плажа. За четиричлено семејство, за еден ден – или поточно, неколку часа на плажа – потребни се минимум 50 евра. Плажите се полни со лежалки, а туристите се принудени да платат за сончање, иако многумина би го простреле својот пешкир – што не би ги чинело ништо.

На места каде што има лежалки – пешкирите се забранети, а цените на кафето, соковите, алкохолот и оброците се до три пати повисоки отколку на местата далеку од плажата или центарот на градот. Дури и сладоледот е два или три пати поскап отколку во продавница.

„Минатата година сезоната започна подоцна, но веќе во ова време имавме гости и сè беше полно. Оваа година мај и јуни беа подобри од јули, а ќе видиме што ќе се случи во август. Не знаеме што се случува. Добиваме повици од стари гости кои доаѓаат со години во ова време и велат дека не можат да земат одмор затоа што се плашат дека ќе ги изгубат работните места. Политичката ситуација во Србија очигледно ги загрижува луѓето, се плашат за своите плати и работни места, па затоа нема да одат никаде“, вели Драган Поповиќ, кој изнајмува сместување во близина на Петровац.

„Ние што изнајмуваме приватно сместување се потпиравме најмногу на гости од Србија и Босна. Ги намаливме цените колку што можевме, но повеќе не можеме бидејќи не се исплати. Имаме многу даноци и трошоци. Очигледно е дека е поприфатливо за туристите да одат во Грција оваа година, штом нема никој тука. Имаме гости од целиот свет, но Србите ни се омилени – живееме од нив. Туристите кои не се од регионот не трошат многу. Доаѓаат на три или четири дена, а потоа продолжуваат понатаму. Вечераат во ресторани, спијат во хотели, не оставаат бакшиш, не излегуваат во клубови“, вели Драган.

Прикажи повеќе...

Регион

Шестгодишно дете од Србија повредено на Халкидики: паднало во аква парк, итно е префрлено во болница во Солун

Објавено пред

Шестгодишно момче од Србија ја повреди ногата откако падна во воден парк во Јерисос, Халкидики, објавија српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

На малолетникот му е укажана прва помош и е пренесен со амбулантно возило во болница во Солун.

Локалната крајбрежна стража во Јерисос започна истрага за да ги утврди околностите што довеле до несреќата. Сè уште не е познато дали станува збор за човечка грешка или за недостаток на безбедносни мерки во самиот парк.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Голем пожар во Грција: наредена итна евакуација

Објавено пред

Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.

Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.

Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на...

Европа3 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор Роскомнадзор неодамна го блокираше пристапот до 56.000 веб-страници...

Свет4 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа4 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена е снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет4 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија4 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија18 часа

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија21 час

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија23 часа

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ1 ден

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...

Македонија1 ден

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички информатичарки трета година по ред се оние што успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На...

Македонија1 ден

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија1 ден

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа1 ден

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски цитирајќи...

Македонија1 ден

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....

Свет1 ден

(Видео) Расте бројот на жртви во падот на воен авион во Бангладеш: причина за несреќата механички дефект

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен...

Свет1 ден

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека татко му, поранешниот американски претседател Џо Бајден, зел апче за спиење пред неговата...

Европа1 ден

(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска бездна во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде...

Македонија1 ден

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен...