Свет
Во тајфун на Филипините загинаа повеќе од 80 луѓе, десетици се водат за исчезнати
Бројот на загинати од тајфунот Трами на Филипините, локално познат како тропската бура Кристина, се искачи на 81, јавија локалните медиуми.
Според Националниот совет за управување со катастрофи, досега животот го загубиле 81 лице, 66 се повредени, а 34 се водат за исчезнати во различни региони на земјата, објави порталот „Манила тајмс“.
Најмалку 47 лица загинаа во провинцијата Батангас.
Нова тропска бура позната како Леон или Пагаса исто така се очекува да ја погоди земјата овој викенд. Локалните власти објавија дека околу 24.988 луѓе од различни региони се евакуирани на безбедни места. Филипините вчера наредија целосна мобилизација на своите вооружени сили бидејќи бурата Трами ги преплави градовите.
Тропската бура Трами, локално позната како Кристине, силно ја погоди архипелагот во Југоисточна Азија со обилни врнежи и силен ветер.
Регионите јужно од главниот град Манила претрпеа големи штети додека невремето се пресели низ западните Филипини кон Јужното Кинеско Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израел објави снимки од пилотите додека се подготвувале да го нападнат Иран
Израелската армија синоќа објави фотографии и видеа од нејзините воздушни сили кои се подготвуваат да го нападнат Иран.
هكذا أقلعت طائرات سلاح الجو لتنفيذ الضربات المحددة والموجهة بدقة ضد الأهداف العسكرية في إيران pic.twitter.com/B07Xgdwy4H
— افيخاي ادرعي (@AvichayAdraee) October 26, 2024
„Вака полетаа авионите на воздухопловните сили за да извршат прецизни и насочени напади врз воени цели во Иран“, рече портпаролот на ИДФ, Авичај Адраи во објавата на „Икс“.
شارك في الضربة الموجهة بدقة التي استهدفت أهدافًا عسكرية إيرانية الليلة الماضية خيرة أبنائنا وبناتنا في سلاح الجو وجيش الدفاع pic.twitter.com/6lDKpKKUZF
— افيخاي ادرعي (@AvichayAdraee) October 26, 2024
Израел објасни дека нападите се одмазда за „месечните континуирани напади“ на Иран, но и напади од милитантни групи поддржани од него.
Свет
ЕУ повикува на најголема воздржаност по нападот на Израел врз Иран
Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат најголема воздржаност за да се избегне неконтролирана ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел погоди цели во Иран.
„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт“, објави Европската унија.
„Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес.
Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници.
Израел предупреди дека Иран ќе плати „висока цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1. октомври.
Европската унија нагласи дека овие напади се случиле во контекст на „сериозни и растечки регионални тензии“.
„ЕУ останува целосно посветена на намалување на тензиите и придонесување за деескалација и, за таа цел, останува во близок контакт со сите релевантни актери“, се заклучува во соопштението.
Свет
Ердоган за израелскиот напад врз Иран: Сакаат да го запалат регионот, Западот им помага
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги коментираше одмаздничките напади на Израел врз Иран, јавува агенцијата „Анадолија“.
„Испраќам пораки на солидарност до нашиот сосед Иран, кој синоќа беше цел на израелска агресија“, рече Ердоган.
Турскиот лидер истакна дека „Ционистичката израелска влада, целосно разгалена од западните сили, се обидува да разгори регионален конфликт“.
„Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и оние кои го поддржуваат. Пристапот на Израел на крајот ќе пропадне. Со овој начин на размислување Израел нема да постигне ништо“, рече Ердоган.