Свет
Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138
Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број луѓе се водат за исчезнати, соопшти денеска владината агенција за одговор при катастрофи.
Агенцијата соопшти дека бројот на жртви најверојатно дополнително ќе се зголеми поради поплавите и одроните предизвикани од невремето.
Полициски и противпожарни единици се ангажирани во операции за помош и спасување во погодените области на Филипините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија
Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети. Според излезните анкети на агенцијата Алфа рисрч, партијата на Борисов освоила 26, 4 отсто од гласовите или 74 мандати. За да се формира влада во Бугарија се потреби 121 пратеник.
Според податоците на агенцијата Алфа рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови.
Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 отсто, БСП-Обединета левица со 7,8 отсто од гласовите и Има таков народ со 6,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети.
Овие резултати на излезните анкети не ги содржат гласовите од дијаспората, па можни промени на бројките.
Свет
Иран не бара војна, ама ќе одговори соодветно на израелските напади
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде соодветен одговор на израелските напади оваа недела врз ирански воени локации.
„Ние не бараме војна, но ќе ги браниме правата на нашата нација и земја, рече Пезешкијан на состанок на владата во Техеран.
„Ќе дадеме соодветен одговор на агресијата на ционистичкиот режим“, додаде тој.
Свет
Камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив, едно лице загина
Едно лице загина, а неколку десетици се повредени во денешниот напад, кога камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив. Тамошната полиција се сомнева дека е терористички чин.
Камионот удрил во автобуска постојка во близина на воена база во 10 часот по локално време, соопшти полицијата.
Возачот, кој имал израелско државјанство, бил „неутрализиран“ од вооружен цивил, додава полицијата.
Вкупно 40 лица се повредени, од кои дел се потешко.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и нагласи дека „постои сомнение дека се работи за терористички напад“.
Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачот е израелски Арап од Калансаве, град во централен Израел.