Свет
Нетанјаху го отфрли египетскиот предлог за прекин на огнот во Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли иницијативата предложена од Египет за краткорочен прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси предложи прекин на огнот во Појасот Газа за да се олесни потенцијалната размена на затвореници со цел подолгорочно примирје. Медиумите од регионот претходно објавија дека Хамас е подготвен да го прифати предлогот на Египет за првично дводневно примирје, при што ќе бидат ослободени неколку заложници.
„Предложивме дводневно примирје во Појасот Газа за размена на четворица (израелски) заложници за некои (палестински) затвореници, а потоа ќе има преговори десет дена за да се претвори прекинот на огнот во трајно примирје“, рече Ал Сиси за време на заедничката конференција за новинарите со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне во Каиро.
И покрај наводната поддршка на мнозинството израелски министри за египетскиот предлог, Тел Авив одлучи да го отфрли договорот поради противењето на Нетанјаху, кој нагласи дека „преговорите ќе се водат само под оган“, според израелскиот „Канал 12“.
Израел проценува дека 101 лице сè уште се во заробеништво на Хамас во Појасот Газа, а се стравува дека некои веќе се убиени или од Хамас или во израелските напади врз густо населената област на енклавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кинеската влада најави мерки за зголемување на наталитетот
Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот.
Државниот совет на Кина повика на напори за изградба на нова култура на брак и породување истакнувајќи дека се усвоени мерки за да се понудат поповолни породилни бенефиции, како и субвенции за децата и нивното образование, објави „Ројтерс“.
Во Кина минатата година наталитетот достигна рекордно ниско ниво.
Свет
Детали за престрелката во Австрија: освен градоначалникот, убиено уште едно лице, мештаните се кријат во своите домови
Утрово, во Милвиертел, Горна Австрија, е убиен градоначалникот на Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер. Набргу потоа беше пронајдено уште едно тело, а медиумите ја објавија можноста за трета жртва, што полицијата сѐ уште не ја потврдува.
Во истиот кварт е пронајдена и втората жртва.
Според првите информации, се претпоставува дека градоначалникот е убиен во Алтенфелден, општина што граничи со Кирхберг об дер Донау. Се вели дека осомничениот напаѓач, кој моментно е во бегство, е ловец и се верува дека е вооружен со долга пушка.
Во тек е опсежна потрага, во која се вклучени специјалните сили, вклучувајќи ја и екипата „Кобра“. Пошироката област е опколена, а на местото на инцидентот се ангажирани сите служби за итна помош. Мотивот за злосторството сѐ уште не е познат, но според весникот „Ди пресе“, можно е причина за овој трагичен настан да биде спор за ловот.
На терен се присутни многубројни полициски сили.
Регион
Училиштата во Сараево веќе еден месец добиваат закани за бомби
Редовната настава во неколку средни училишта во реонот на Сараево денеска повторно мораше да биде прекината откога добија закани за бомби, со што се потврди дека претходната полициска истрага и многуте апсења на малолетници не го решиле овој проблем, кој интензивно трае веќе еден месец.
„Полицијата ги претресува училиштата, а за сѐ е информирано Обвинителството“, изјави Мерсиха Новалиќ, портпаролка на полицијата на Сараевската жупанија.
Ова е веќе четврта недела во која во училиштата во Сараево пристигнуваат закани за поставени бомби, па според утврдените процедури, наставниот процес мора веднаш да се прекине и специјализирани полициски екипи да излезат на терен за да извршат увид. Сите извештаи досега се покажаа како лажни, но наставниот процес е загрозен, а повеќето училишта во такви ситуации прибегнуваат кон онлајн-моделот на настава, кој се практикуваше за време на пандемијата.
Заканите за бомби до училиштата најчесто доаѓаат преку е-пошта од лажни адреси или други онлајн-платформи, а полициските истражители со недели трагаат по испраќачите, кои тешко може да се пронајдат.
Сепак, досега успеале да идентификуваат и приведат 12 такви лица. Само еден од нив бил полнолетен и имал 18 години, а сите други биле малолетни.