Црна хроника
Прилепчанец со мотоцикл излета од патот и удри во рабникот, пренесен во болница
Вчера на патот Прилеп-Градско, мотоцикл управуван од М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во банкина.
„По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информираа од МВР.
Извршен е увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Шест лица се испотепале за паркинг место во Ѓорче Петров
Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(69), О.Р.(45) и С.Р.(22) од една страна и З.Р.(59), А.Р.(23) и Е.Р.(22) од друга страна, сите од Скопје, а бил употребен и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Почина затвореник од Кичево во Идризово
Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Идризово било пријавено дека околу 15.00 часот во установата починал осуденикот А.А.(65) од с.Строгомиште, кичевско.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Пукање кај Бит Пазар, оштетени возила и куќа
Вчера во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила „фолксваген артеон“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на А.С.(40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л.(35).
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од местото на настанот подигнати се чаури и предадени за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.