Свет
Кинеската влада најави мерки за зголемување на наталитетот
Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот.
Државниот совет на Кина повика на напори за изградба на нова култура на брак и породување истакнувајќи дека се усвоени мерки за да се понудат поповолни породилни бенефиции, како и субвенции за децата и нивното образование, објави „Ројтерс“.
Во Кина минатата година наталитетот достигна рекордно ниско ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Никој не ја пречека: министерката за надворешни работи на Германија пристигна во Кина
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок допатува во официјална посета на Кина, а при слетувањето никој од кинеските функционери не ја пречекал на аеродромот.
Според светските медиуми, по симнувањето од авионот, германската министерка изгледала непријатно додека чекорела по пистата на која, покрај кинеската делегација, недостасувал и црвениот тепих, вообичаен за пречек на дипломати од нејзиниот ранг.
A fitting welcome to China for Analena Berbock
The Minister of Foreign Affairs of Germany, Analena Berbock, arrived in Beijing, and her "celebratory" welcome spread like wildfire on social networks.
Burbok hurried down the stairs, looking around disoriented. pic.twitter.com/UsQFNavJM1— S p r i n t e r (@SprinterFamily) October 28, 2024
Аналена Бербок се нашла опкружена со неколку фотографи, сниматели и работници од обезбедувањето на аеродромот, а потоа набрзина се упатила кон автомобилот, кој исто така го немало на аеродромот, се наведува во написите.
Бербок доаѓа шест месеци откако германскиот канцелар Олаф Шолц дојде во Кина на покана на премиерот Ли Џианг. За разлика од неговата посета во 2022 година, кога беше пречекан со почести, Шолц доби сличен прием во Кина оваа година, каде што беше пречекан од грст новинари и заменик-градоначалникот на Пекинг.
Засега не е позната причината за посетата, ниту пак темите кои ќе бидат предмет на разговор меѓу кинеските власти и германската министерка Аналена Бербок, се наведува во написите.
Свет
Камала Харис го повика Трамп да направи тест за интелигенција
Демократската кандидатка Камала Харис денеска изјави дека е подготвена да направи тест за ментални способности и го покани нејзиниот републикански ривал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го стори истото.
„Секако. Го предизвикувам да го стори истото. Мислам дека тој всушност станува сè понестабилен, тој навистина нема план за американскиот народ“, рече Харис во интервју за CBS на прашањето дали ќе го направи тестот и што мисли на забелешките на Трамп кон неа.
Таа посочи на бројни поранешни високи функционери на администрацијата на Трамп кои зборуваа против него во последните недели како доказ дека тој е „неспособен да биде претседател на Соединетите Американски Држави“.
„Не ме слушајте мене, слушајте ги луѓето кои најдобро го познаваат. Неговите поранешни шефови на кабинет. Неодамна, маринскиот генерал Џон Кели со 4 ѕвезди. Слушајте ги двајцата поранешни секретари за одбрана кои работеа за него, послушајте го неговиот советник за национална безбедност, слушајте го неговиот потпретседател, кои, на еден или друг начин, велеа дека не е способен повторно да биде претседател, дека никогаш не треба да биде повторно претседател и дека е опасен“, рече Харис.
Харис во последните денови беше на удар на критиките за нејзините коментари за Трамп, вклучително и дека го нарече „фашист“, од највисоките републиканци во Конгресот, кои ја обвинија дека повикала на нов обид за атентат врз поранешниот претседател. Потпретседателката изјави за CBS News дека го осудува „секое политичко насилство од кој било вид врз некого“.
Харис претходно го објави медицински извештај во кој нејзиниот лекар Џошуа Сајмонс потврдил дека политичарката е во одлична здравствена состојба еден месец пред претстојните претседателски избори во ноември.
Трамп претходно изјави дека Харис има „многу низок коефициент на интелигенција“ и ја повика да направи тест за интелигенција. Поранешниот претседател објасни дека неговата ривалка во интервју за американскиот новинар Андерсон Купер не може да даде директни одговори на наједноставните прашања, што јасно укажува дека „нешто не е во ред со неа“.
Свет
Напад со нож во близина на училиште во Пекинг: пет лица се повредени, од кои три деца
Пет лица се повредени денеска, од кои три деца, во напад со нож во близина на училиште во Пекинг, соопшти полицијата.
Нападот се случил во северозападниот кварт на Пекинг Хаидијан, пренесе АП.
Како што соопшти кинеската полиција, никој од повредените не е во животна опасност.
Осомничен за нападот е 50-годишен маж кој е уапсен на лице место и е под истрага, додаваат од полицијата.
Во соопштението се наведува дека нападот се случил до познато основно училиште.
Оваа година во Кина се случија неколку напади со нож, а неколку од нив се случија меѓу училишни деца, потсети АП.
Минатиот месец, 10-годишен јапонски ученик беше убиен по напад со нож во близина на неговото училиште во јужниот град Шенжен.
Во вториот напад што се случи во јуни на училишната автобуска станица во Сужоу, една жена и нејзиното дете беа ранети, а жена која се обиде да интервенира беше убиена.
Напад со нож се случи и на почетокот на октомври кога три лица беа убиени, а 15 повредени во супермаркет во Шангај.
Според АП, Кина има строги прописи кои го ограничуваат поседувањето оружје од приватни лица, па така ножевите и рачно изработените експлозиви се едни од најчестите видови оружје.