Спорт
Јуриќ: Не можете така лесно да фрлите 40 дена напорна работа
Рома не излегува од кризата. Синоќа доживеа тежок дебакл во Фиренца. „Волчицата“ загуби од Фиорентина со 5:1. Според медиумите нема да биде изненадување доколу тренерот Иван Јуриќ добие отказ.
Натпреварот против Фиорентина е трет во низа без победа во Серија А. Јуриќ е свесен дека тимот е во криза, што несомнено го покажа и натпреварот против Фиорентина.
„Направивме се погрешно. На претходните седум натпревари покажавме добра концентрација, но сега имавме лош став, лош менталитет и лош пристап, што навистина не го очекував. Изгледаше како да заборавивме на се што научивме во ова време“, изјави Јуриќ.
Иако се наоѓа под голем притисок да поднесе оставка или да биде сменет, хрватскиот тренер инсистира напорната работа да не се отфрли лесно.
„Не можете да фрлите 40 дена напорна работа во тоалет. Научивме многу, покажавме многу добри работи во претходните седум натпревари и тоа не се брише со гума“.
Рома моментално е 11. на табелата со 10 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти ја доби наградата за најдобар тренер
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на гала вечерта во Париз, во организација на УЕФА, „Франс Фудбал“ и „Лекип“ ја доби наградата за најдобар.
Минатата сезона ја освои титулата европски првак, титулата шампион на Шпанија и Купот на кралот. Анчелоти не ја прими наградата бидејќи како и сите од Реал ја бојкотира церемонијата.
Ема Хејс е најдобар тренер во женскиот фудбал, беше тренер на Челзи, додека со репрезентацијата на САД го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз.
Наградата за тренер на годината во иднина ќе го носи името „Јохан Кројф“ по легендарниот Холанѓанец, еден од најдобрите европски фудбалери на сите времиња, подоцна многу успешен како тренер на Барселона.
За познатиот фудбалер и тренер зборуваа поранешниот бугарски ас Христо Стоичков (добитник на Златната топка во 1994 година додека играше за Барса на Кројф) и Жорди Кројф, поранешен фудбалер и син на Јохан Кројф.
Спорт
Дибу Мартинез повторно ја освои наградата „Лав Јашин“
Емилијано Дибу Мартинез повторно ја доби наградата за најдобар голман на гала вечерта на УЕФА, „Франс фудбал“ и „Лекип“. Оваа награда е наречена по славниот руски голман „Лав Јашин“.
Голманот на Астон Вила и репрезентацијата на Аргентина победи во конкуренција на Мајк Мењон (Милан/Франција), Џиџи Донарума (ПСЖ/Италија), Унаи Симон (Атлетик Билбао/Шпанија) и Андриј Луњин (Реал/Украина).
Минатата сезона со аргентинската репрезентација ја освои Копа Америка, додека со Астон Вила играше во полуфиналето на Конференциската лига.
„Дојдов во Англија и го најдов својот пат. Не очекував дека ќе ја освојам оваа награда двапати по ред и благодарен сум на моето семејство, соиграчите и сите луѓе кои ми помогнаа да ја добијам оваа награда. Не се сметам себеси најдобри, има многу квалитетни голмани“, рече меѓу другото голманот на англискиот тим.
EMILIANO MARTINEZ IS THE 2024 YACHINE TROPHY WINNER! Argentina goalkeeper extends his reign! #TrophéeYachine #ballondor @AVFCOfficial @championsleague pic.twitter.com/lpykGx38zV
— Ballon d'Or (@ballondor) October 28, 2024
Спорт
Кејн и Мбапе ја добија наградата „Герд Милер“
По Ламин Јамал, кој ја доби наградата Копа за најдобар млад играч, УЕФА, „Франс фудбал“ и „Лекип“ ги прогласи фудбалерките на Барселона за најдобри во женска конкуренција, додека кај мажите наградата му припадна на Реал Мадрид.
Следна награда која беше доделена е наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец. Прв пат во историјата двајца фудбалери ја добија наградата.
Хари Кејн и Килијан Мбапе го освоија трофејот „Герд Милер“ за најдобри стрелци минатата сезона. Хари Кејн ја прими наградата, додека Мбапе не беше присутен доделувањето, бидејќи Реал Мадрид ја бојктира церемонија. Двајцата минатата сезона постигнаа вкупно 52 гола.
🏆 𝗛𝗔𝗥𝗥𝗬 𝗞𝗔𝗡𝗘 𝗚𝗘𝗪𝗜𝗡𝗡𝗧 𝗗𝗜𝗘 𝗚𝗘𝗥𝗗 𝗠Ü𝗟𝗟𝗘𝗥-𝗧𝗥𝗢𝗣𝗛𝗬 🏆
Einfach nur verdient! Herzlichen Glückwunsch, @HKane! 👏#BallonDor #MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/aX6ahUdG8c
— FC Bayern München (@FCBayern) October 28, 2024
Никој од Реал не е присутен откако Флорентино Перез дознал дека Златната топка нема да ја освои Винисиус Жуниор. Неофицијален став на клубот е дека Златната топка повеќе „не постои и нема вредност“ за нив.