Спорт
Никој од Реал не замина за Париз – Винисиус нема да ја добие Златната топка
Иако се чинеше дека се е подготвено за промоција на Винисиус Жуниор во најдобар фудбалер за 2024 година, потегот на Реал Мадрид на денот на доделувањето на „Златната топка“ откри многу работи.
Според сите прогнози и најави, Бразилецот требаше да го подигне својот прв најголем индивидуален трофеј, но како што сега стојат работите престижната награда ќе му припадне на Шпанецот Родри.
Поради ова сознание, челниците на Реал Мадрид го шокираа фудбалскиот свет и го откажаа заминувањето на целата нивна делегација на церемонијата во Париз.
Авионот од Мадрид требаше да полета за „градот на светлината“ во 15 часот, но Реал ја запре целата експедиција, која броеше дури 50 луѓе.
Покрај Винисиус номинира се и Џуд Белингем. Килијан Мбапе, Феде Валверде, Тони Крос, Дани Карвахал и Ридигер.
Исто така, Карло Анчелоти е во конкуренција за најдобар тренер, голманот Андреј Луњин за трофејот „Лава Јашин“, а младиот Арда Гулер за „трофејот Копа“.
Но, очигледно никој од нив нема да биде присутен во Париз на настанот кој ќе започне во 20:45 часот.
Веста прв ја објави спортскиот новинар на РМЦ, Фабрис Хокинс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тоти добил понуда да му се врати на фудбалот
Франческо Тоти керена прашина во Италија кога објави дека „не е шега“ дека сака да му се врати на фудбалот и дека на маса има понуди од два клуба.
„Не, тоа апсолутно не е шега. Морам да видам што ќе ми кажат главата и телото. Главата веќе го знае одговорот, додека телото ќе треба да покаже како реагира. Заинтересирани се два клуба, кој знае што ќе донесе следната“, рече Тоти и додаде:
„Ќе ми требаат два месеци тренинзи“, истакна тој, бидејќи редовно игра падел и тенис.
Сега „Ла Република“ пренесува дека клубот кој најсериозно контактирал со Тоти е Комо.
Тренерот Цеск Фабрегас се чини дека го сака „принцот од Рим“ во својот тим и му понудил договор до крајот на сезоната.
Тоти, кој во септември наполни 48 години, наводно сериозно размислува да ја прифати оваа понуда и се би требало да се знае во следните неколку дена.
Да потсетиме, Франческо Тоти е во пензија од 2017 година, откако целата кариера ја мина во Рома.
После тоа, две сезони беше директор во својот матичен клуб, пред да се скара со сопственикот на „волчицата“.
Спорт
Тренерот Јуриќ физички се пресметал со Џанлука Манчини
Рома, синоќа на „Артемио Франки, доживеа тежок пораз од Фиорентија (5:1). Според италијанските медиуми овој пораз му ја запечати судбината на тренерот Иван Јуриќ.
Јуриќ пред 40 дена ја презеде Рома, но не успеа да ги поправи работите. „Кориере дело Спорт“, тврди дека Јуриќ ќе добие отказ не само поради дебаклот во Фиренца, туку и поради онашто се случило во соблекувалната на Рома на стадионот „Артемио Франки“.
Имено, се наведува дека Јуриќ физички се пресметал со стоперот Џанлука Манчини, еден од поискусните играчи во тимот.
Манчини беше заменет во полувремето, а додека Јуриќ му го соопштувал ова во соблекувалната, накпдвин дошло до вербална, а потоа и до физичка пресметка, засега не се познати повеќе детали, но ситуацијата дефинитивно не е добра и „најдебелиот крај“ би можел да го извлече Јуриќ.
„Тотален колапс на Рома. Хрватскиот тренер е под голема закана од отказ. Поинаков исход не е можен кога ќе се погледне каде е Рома во Италија и Европа“, пишува „Газета дело спорт“.
Се посочува дека авионот на сопственикот на клубот Фридкин моментално се наоѓа во Њујорк каде на одмор е Даниеле де Роси кој се уште е под договор со Рома.
Спорт
Балотели ги мина лекарските прегледи, ќе потпише договор со Џенова
Италијанскиот фудбалер Марио Балотели, претпладнево во Џенова ги мина лекарските преглед пред и официјално да потпише договор до крајот на сезоната со „грифоните“.
„Навистина не сакам да зборувам многу, сакам да играм. Се надевам дека наскоро ќе бидам подготвен“, им рече Балотели на новинарите при влегувањето во медицинската установа на Џенова.
Medicals ongoing for Mario #Balotelli with #Genoa. Expected in the aftenoon the signing on the contract until June 2025. Rossoblù’s Fans are already in love and excited for Super Mario. #transfers pic.twitter.com/MY9TUDFdEt
— Nicolò Schira (@NicoSchira) October 28, 2024
Минатата сезона Балотели постигна седум гола на 16 натпревари за турскиот тим Адана Демиспор, а последен пат играше во Италија во сезоната 2020/21 за Монца.
Балотели (34) во кариерата играше за 11 клубови, меѓу кои Милан, Манчестер Сити, Ливерпул и Интер со кого ја освои Лигата на шампионите во 2010.
Балотели со репрезентацијата на Италија, за која одигра 36 натпревари и постигна 14 голови , освои сребрен медал на Европското првенство во 2012 година и беше избран во најдобар тим на првенството.
Џенова со шест бода го зазема 18. место на табелата во Серија А, а во следното коло в четврток ја пречекува Фиорентина.