Македонија
Речиси 60 компании под истрага: злоупотребиле пари за фантомски проекти, 3,2 милиони евра не се вратени во државниот буџет, објави директорот на Фондот за иновации
Во изминатиот период се откриени сериозни неправилности во работата на Фондот за иновации и технолошки развој. Речиси 60 компании не ги исполниле обврските и злоупотребиле средства за фантомски проекти, а некои приватни здравствени установи користеле фондови за време на ковид-кризата кога државното здравство беше во колапс, објави на прес-конференција в.д. директорот на ФИТР, Никола Додов.
Како што истакна, долгот од приближно 3,2 милиони евра сè уште не е вратен во државниот буџет, а новото раководство презема мерки за наплата и веќе се наплатени речиси 600.000 евра.
Внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи фирми поврзани со политички функционери.
„Договорите со правни неправилности, конфликтите на интереси и прикривањето податоци дополнително ги поткопуваат капацитетите на Фондот. Сомнителни активности вклучуваат и компании што добиле повеќе грантови за идентични проекти, како и фаворизирање одредени градови во државата за одобрување средства. Претходното раководство работело неефикасно и непродуктивно, а тековната посебна ревизија има цел да ги врати довербата и интегритетот на институцијата“, рече тој.
Според него, наместо да преземе мерки против должниците, ФИТР, напротив, вршел плаќања кон компаниите што не ги почитувале закоските прописи и биле должници. Ова, како што оценува, претставува сериозен удар врз интегритетот на институцијата и ги доведува во прашање нејзините капацитети за ефикасно управување со јавните средства. Потенцира дека новото раководство на Фондот е целосно посветено на решавање на овие прашања. Ќе бидат, како што најави, преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди транспарентност и одговорност во користењето на државните фондови.
„Како дел од ревизијата, која е во тек, особено внимание посветуваме на едно од клучните прашања – на кој законски основ и по која постапка приватни здравствени установи (ПЗУ) станале корисници на средствата од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Во моментот станува збор за 50-ина приватни здравствени установи, кои во изминатите пет години биле корисници на средства од Фондот. Исто така, има индикации дека во минатото некои одлуки можеби биле донесени врз основа на политички договори, а не во согласност со законските процедури, што дополнително ќе биде предмет на истражување.
Во последниот период Фондот за иновации и технолошки развој дојде до информации, кои упатуваат на сомнителни практики во управувањето со јавните средства. Станува збор за компанија, која е во непосредна роднинска врска со високи функционери од владата на СДСМ и ДУИ, која добивала значителни финансиски средства од државни фондови. Ова не само што создава сомнеж во транспарентноста на процесот на финансирање туку и буди загриженост за потенцијалните конфликти на интереси и непотизам. Во согласност со нашите истражувања, управителот на компанијата не само што добива финансиски средства од фондот туку истата личност управува со дури четири фирми, кои исто така имаат добиено финансикси средства од Фондот. Загрижувачко е тоа што речиси 80 % од средствата што ги добива од овие компании ги префрла на истата компанија и за иста услуга, и тоа во текот на проектните активности. Ова поведение создава легитимни сомневања за неетички практики и корупција. Оваа ситуација не само што ги загрозува основните принципи на транспарентност и одговорност туку и ги подрива основите на правната држава.
Секој од нас има одговорност во оваа ситуација. Ние сме тука не само за контролирано да управуваме туку и да создадеме средина во која иновациите може да цветаат. Вашата поддршка и интерес се клучни во оваа борба за подобра иднина“, потенцира Додов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците, а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.
Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.
Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.
Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)

