Црна хроника
На Табановце уапсен Германец, возел „ауди“ барано од Интерпол
Вчера во 13.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот М.С.О. од Германија, поради тоа што при проверка на патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, кое го управувал, а кое било сопственост на О.О. од Турција, констатирано било дека патничкото возило било барано од Интерпол, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка меѓу осуденици во затворот Идризово
Во СВР Скопје вчера во 17.48 часот од Казнено поправната установа-Затвор Идризово било пријавено дека на 26.10.2024, Н.Д.(52) од Скопје бил физички нападнат од О.Д.Р., инаку двајцата осуденици во установата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач на автобус претепал малолетник во Гази Баба
Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, С.С.(59) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот на подрачјето на Гази Баба во автобус бр.65 кој стоел на автобуска постојка, неговиот малолетен син бил физички нападнат од возачот на автобусот.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Битола: татко секојдневно си ги тепал и малтретирал децата, училиштето забележало ученик со телесни повреди
Вчера во 16.50 часот, во СВР Битола претставници од Центарот за социјални грижи Битола пријавиле дека од основно училиште во Битола стигнало до нив известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди.
Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение.
Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал.
Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 во 20 часот лишен е од слобода Џ.Е.(43) од Битола и поднесена е кривична пријава по чл. 201 од КЗ „запуштање и малтретирање на малолетно дете”.