Македонија
(Видео) Петрушевски: Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор за набавка од 10 милиони евра
Според Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од скоро 10 милиони евра инфлагранти исцртале шема како ги испумпувале парите.
„На вчерашната прескоференција кажавме дека претпријатието „Далековод АД“ од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од албанската фирма параван за испумпување на парите.
Дали МЕПСО под раководство на СДС и ДУИ ја поставиле Шанси инвест од Албанија како фирма од која тие требало да ги поделат провизиите?
МЕПСО кое доставило модел договор до добавувачите и барало тој да биде претходно прифатен, откако „Далековод АД“ Загреб го добива тендерот дозволува измена и дополнување на договорот.
Во чл.9 од договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси инвест од Албанија, а не „Далековод АД“ Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително наведено е дека Шанси инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.
И студент од прва година правен или економски факултет ќе сфати дека Шанси инвест до МЕПСО доставува фактура, си ја наплаќа провизијата, а потоа му исплаќа на производителот „Далековод АД“ Загреб за опремата“, рече тој.
Го повикаЈО да отвори случај. „Далековод АД“ Загреб, како што оценуваможел сам да се јави на тендерот, и праша зошто не го сторил тоа и дали за тоа бил уценет и од кого.
ЈО, нагласи Петрушевски, мора да го истражи овој случај. Утре продолжуваме со нови детали за оваа скандалозна набавка, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

