Спорт
Гвардиола: Не знам кога ќе го врати Де Брујне
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на натпреварот со Тотенхем во Лига купот изјави дека се уште не може да смета на еден од своите најдобри играчи, Кевин Де Брујне.
„Да знаев кога ќе се врати, ќе ви кажев. Тој се чувствува доволно добро за да тренира, но не доволно добро за да игра на нивото на кое ни треба. Сè уште чувствува болка кога ја шутира топката. Тој се чувствува подобро, но сепак не доволно добро“, изјави Гвардиола на прес-конференција.
Де Брујне ја заработи повредата против Интер во второто коло од првиот натпревар од Лигата на шампионите на 18 септември и оттогаш е надвор од терените.
Освен него, Гвардиола нема да може да смета на Кајл Вокер, Џек Грилиш, Џереми Доку и Оскар Боб, како и на претходно повредениот добитник на Златната топка, Родри за кого оваа сезона е завршена.
Сити моментално е прв на табелата во Премиер лигата, а во првите три натпревари во Лигата на шампионите освои седум бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Силекс и Работнички одиграа нерешено, Вардар загуби од Брера и падна на последната позиција
Фото/ Facebook FK Rabotnicki
Без победник заврши дербито на 12.коло во Првата македонска фудбалска лига. Силекс и лидерот Работнички одиграа 1:1 во Кратово. Вардар загуби од АП Брера и пораи победата на Воска над Шкупи падна на последното место на табелата.
Шкендија со триумфот над Беса ја намали предноста на Работнички на еден бод. Актуелниот првак Струга победи во Кавадрци кај Тиквеш со минимален резултат, а без голови одиграа Гостивар и Пелистер
Резултати, 12.коло:
Силекс-Работнички 1:1
Шкендија-Беса 1976 2:1
Воска спорт-Шкупи 3:1
Вардар-АП Брера 0:1
Тиквеш-Струга ТЛ 0:1
Гостивар-Пелистер 0:0
Табела:
Спорт
Шок во Париз – Медведев елиминиран во второто коло
Австралискиот тенисер Алексеј Попирин се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Париз, откако во второто коло го совлада Русинот Данил Медведев со 6:4, 2:6, 7:6 (7:4).
Мечот траеше два часа и 31 минута. Попирин е 24. тенисер во светот, додека Медведев е на петтото место на АТП листата.
Ова беше четврти меѓусебен дуел на Попирин и Медведев и прв триумв на Австралиецот, кој во осминафиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Русинот Карен Хачанов и Џовани Мпески Перикар од Франција.
Во осминафиналето се пласираше и Бугаринот Григор Димитров кој го совлада Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери со 6:7 (9:11), 6:3, 7:5.
Димитров во осминафиналето ќе игра против Французинот Артур Риндеркнех, кој со 7:6 (8:6), 7:6 (9:7) го совлада Американецот Алекс Микелсен.
Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 5.950.575 евра.
Спорт
Тренерот Анчелоти предложил Реал да ја бојкотира „Златната топка“
Гневот на Реал го предизвика тоа што Винисиус, спротивно на она што со денови се најавуваше, не ја освои Златната топка, најпрестижната индивидуална фудбалска награда, која му припадна на Родри.
Клубот, пет часа пред почетокот на церемонија која се одржа во понеделникот во Париз, го откажа патувањето на својата делегација во која беа 50 луѓе.
Реал не беше среќен што Карло Анчелоти беше прогласен за тренер на сезоната, или што Килијан Мбапе требаше да го добие и подели трофејот „Герд Мулер“ со Хари Кејн за играчот кој постигна најмногу голови (52) минатата сезона. Тоа го постигна како играч на ПСЖ а, но сега ја бојкотираше церемонијата на доделување бидејќи е играч на Реал. На Реал ништо не му значеше што неговите играчи ги освоија второто (Винисиус), третото (Белингем) и четвртото место (Карвахал) во изборот за Златна топка.
Винисиус беше особено повреден поради тоа што не ја доби Златна топка. Бразилецот се подготви да ги однесе семејството и пријателите во Париз, на соиграчите им купи Ролекси во знак на благодарност, а изнајми и хотел во Париз за да ја прослави Златната топка.
Аранча Родригез, радио коментатор и инсајдер на Реал, открива дека бојкотот на церемонијата за доделување на Златната топка е идеја на тренерот на Реал: „Анчелоти дозна дека Винисиус не е добитник на Златната топка и ја претстави идејата, Реал поради тоа да го бојкотира гала настанот. Неговиот став е дека во овие ситуации приоритет е добросостојбата на играчите и тимот.“
Родригез додава: „Одлуката на Реал да не присуствува на цеемонија во Париз не е само чин на протест, туку и гест на поддршка за Винисиус“.