Македонија
Без вода делови од скопски Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуват дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на улицата Гаврил Лесновски 4 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Гаврил Лесновски, Софиска, Бриселска, Копенхагенска, Његошева, Петар Драганов и Стокхолмска, во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09.00 часот до санирање на дефектот.
· поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на улицата Хелсинки 54 во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Хелсинки, Нобелова, Варшавска и Лондонска во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите
СДСМ поднесе амандман за зголемување на основната плата на пожарникарите, која треба да изнесува минимум две просечни плати. Овој амандман е во прилог на предлог законот за пожарникарство којшто е изработен во време на претходната влада, но сè уште седи заглавен во ресорното министерство, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.
– Согласно со постојниот систем, пожарникарите се под надлежност на општините кои се 90 посто под капата на ДПМНЕ и затоа незадоволството постојано се зголемува. Но, да не правиме политикантство, СДСМ подава рака ова прашање да го решиме системски и заеднички, бидејќи тоа е целта на амандманот. Оваа целна група на професионалци го заслужуваат зголемувањето на платите, рече Лукаревска.
Таа потенцираше дека противпожарните единици во Македонија се финансираат преку државниот буџет како и преку буџетите на локалните самоуправи, а состојбата на пожарникарите е комплексна и полна со предизвици во однос на нивната опрема, обуката, финансиските ресурси.
– Овие луѓе секојдневно го ризикуваат својот живот за да ги заштитат нашите домови, животната средина и не смееме да дозволиме да се оставени на маргините“, рече Лукаревска.
По поднесувањето на овој амандман, за жал, заменик министерот за финансии и пратениците на власта го одбија амандманот за зголемување на платите на пожарникарите и со тоа ДПМНЕ го покажаа уште еднаш своето лицемерие и негрижа за граѓаните, велат од СДСМ.
Македонија
Град Скопје ја поздрави владината одлука за позајмување на нафта, но потсети и на долгот
Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата со која, како што велат, конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните.
Од Градот сепак потсетуваат дека Владата се’ уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскиот стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието.
„Дополнително, ја повикуваме советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го следи позитивниот пример на Владата и разумно со грижа за интересот на граѓаните како приоритет, да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз“, велат од Град Скопје.
Апелираат на следната седница конечно по повеќе од 2 години советниците да ги изгласаат точките за нови автобуси за ЈСП како и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ каде се предвидени дополнителни 60 автобуси, адаптирано согласно ветувањата од програмата „За Модерно Скопје“.
Се додава дека важно е и советниците да завземат став за барањата на приватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Димитар Апасиев се активира кога СДС нема аргументи и се во паника
Насилството е работа која Левица ја посакува во недостаток на нормална дискусија и аргументи. И народот и пратениците не треба да наседнуваат на тоа, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски откако за влакно беше избегната тепачка во Собранието, помеѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за договор меѓу Левица, СДСМ и ДУИ, за да се одвлекува вниманието од суштински работи и аргументирана дискусија.
„Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови. Насилството и провокациите се единствениот начин на опозициските партии да свртат внимание кон себе. ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на денешниот инцидент осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент“, рече Петрушевски.