Спорт
(Видео) Шампионите во трилер-завршница паднаа во Индијанаполис
Ноќта во НБА лигата со 11 натпревари ја обележа трилер завршницата во Индијанаполис. Индијана Пејсерс по едно продолжение ги победија актуелните шампиони Бостон Селтикс со 135:132. За Селтикс ова е прв пораз во новата сезона.
Џејсон Тејтум со тројка во финишот обезбеди дополнителни пет минути за актуелниот шампион, но домашните на крајот малку подобро се снајдоа.
Паскал Сијакам беше херојот на Пејсерс, кој на седум секунди до крајот погоди тројка.
Споменатиот Тејтум беше најефикасен поединец на натпреварот со 37 поени и осум скока.
Го следеше Џејлен Браун со 25 поени, шест скока и пет асистенции и Дерик Вајт, кој постигна 23.
Кај Индијана се истакнаа Матурин со 30 поени и 11 скока, а Сијакам со 29 поени, 11 скока и пет асистенции.
Ова е прв пораз за Бостон сезонава (4-1), додека Индијана има 2-3.
НБА, натпревари:
Хорнетс – Рапторс 138:133
Кавалирс – ЛА Лејкерс 134:110
Пејсерс – Селтикс 135:132 п
Сиксерс – Пистонс 95:105
Визардс – Хокс 133:120
Хит – Никс 107:116
Булси – Меџик 102:99
Гризлис – Нетс 106:119
Тандер – Спарс 105:103
Вориорс – Пеликанс 104:89
ЛА Клиперс – Блејзерс 105:106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клоп за Рамос: Типови како него сум бркал од моите тимови
Јирген Клоп гостуваше во подкастот на Тони Крос, до неодамна менаџерот на Ливерпул зборуваше за легендата на Реал, Серхио Рамос. Клоп искрено кажа дека како личност Рамос не му се допаѓа.
Глобален шеф на фудбалот во Ред Бул, Јирген Клоп, не го заборава финалето на Лигата на шампионите во 2018 година во кое го предводеше тимот на Ливерпул против Реал и го загуби натпреварот (3:1 . Според многумина, потегот на Рамос во првиот дел го решил победникот. Тогаш, според многумина со намера, Рамос го повреди најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах.
„Ако погледнете повторно, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека тоа беше непромислено и брутално. Ако ги ставите сите постапки на Рамос на куп, а јас гледам фудбал од пет годишна возраст, ќе видите што направи“, рече Клоп и додаде: „Требаше таа ситуација подобро да се погледна. Сигурен сум дека Мо немаше да биде повреден во слична ситуација. Не сум сигурен дека нешто слично повторно ќе видиме. Рамос со лакт го удри голманот, со боречки зафат исфрли прптивник, а потоа излезе како победник од натпреварот. Рамос кажа многу работи што не ми се допаднаа. Не ми се допаѓаат неговите реакции“, рече Клоп и дополни.
„Дали навистина е добар човек? Не го разбирам тој менталитет, никогаш не сум тренирал такви играчи. Кога ги имав, се погрижив да си заминат”, откри Клоп.
„Серхио е добар соиграч“, одговори Крос и додаде дека не се согласува со сите потези на шпанскиот стопер.
Спорт
Црвена звезда демантира дека газдата на Хапоел сакал да им ги земе сите кошаркари
Грчкиот медиум „Спортал“ претпладнево лансираше сензационална приказна во врска со кошаркарските клубови Црвена звезда и Хапоел Тел Авив.
Црвенз звезда по повредата на Џоел Боломбиј интензивно бара центар. Прв пик им е играчот на Хапоел, Џонатан Мотли. Американецот претходните две сезони беше во Фенербахче, а летово изненади со одлуката да се пресели во Еврокупот од Евролигата.
„Спортал“, тврди дека клубот од Белград нелегално го контактирал кошаркарот, ан што следувал одговор од сопственикот на Хапоел Офер Јанаи.
Хапоел, според овој извор, веднаш на на сите играчи на Црвена звезда им испратил понуди да го напуштат Белград и да се преселат во Израел. Газдата Јанаи за 1.000.000 долари им понудил повисоки плати од оние што ги имаат во Црвена звезда.
Како пример, новинарот Омри Менхим го наведува Американецот Коди Милер-Мекинтаер, кому му била понудена плата од 2,5 милиони долари.
По повод пишувањата на „Спортал“ се огласи и Црвена звезда.
„Глупости, нема ни да коментираме. Претпоставувам дека би знаеле дека некој се обидува да ги ангажира сите наши играчи“.
За разлика од овие тврдења, израелскиот новинар Арел Гинсбер има поинакви информации.
„Можам да потврдам дека Џонатан Мотли размислува за преселба во Црвена звезда. Клубот испрати огромна понуда на Мотли и тој сериозно размислува. Тој нема излезна клаузула и Хапоел ќе направи се за да го задржи, но нема да го принудат да остане“, напиша Гинсбер на „X“.
Спорт
„Ас“ за кариерата на Роналдо во Саудиска Арабија: Проклетството продолжува
Кристијано Роналдо го шокираше фудбалскиот свет кога на крајот на 2022 година го напушти европскиот фудбал и ја прифати понудата од Ал Наср. Португалецот во Саудиска Арабија има годишна плата од 200 милиони евра.
Роналдо статистички игра добро во Ал Насар, на 76 натпревари има учинок од 67 гола и 18 асистенции. Но клубот со Роналдо не освојува трофеи, а токму поради тоа Ал Наср го донесе во своите редови.
Досега освои само еден трофеј Купот на арапските клупски шампиони, пандан на Лигата на шампиони на УЕФА.
„Тој веќе загуби девет титули во Саудиска Арабија“, пишува „АС“.
Оваа сезона веќе остана без еден трофеј, откако пред два дена Ал Наср испадна во осминафиналето на Купот на кралот од Ал Тавун. Натпреварот заврши 1:0, а Роналдо промаши пенал во 96.минута што ќе му обезбедеше дополнителни 30 минути на Ал Наср.
„Проклетството продолжува“, се додава во текстот и се наведува дека испаѓањето од Купот е „деветтото разочарување за Роналдо откако пристигна во Саудиска Арабија во јануари 2023 година“.
Натпреварувања кои Роналдо не ги освои со Ал Наср:
Шампионат на Саудиска Арабија (2022/23, 2023/24)
Азиска лига на шампиони (2023/24)
Куп на кралот (2022/23, 2023/24, 2024/25)
Суперкуп на Саудиска Арабија (2022, 2023, 2024)