Спорт
(Видео) Нестварна 5×5 партија на Вембањама, Дончиќ поразен во дербито на Тексас

Мемфис победи на домашен терен против Милвоки, а Феникс, Сан Антонио и Хјустон славеа како гости кај ЛА Клиперс, Јута и Далас.
Кошаркарите на Сан Антонио ја совладаа Јута (106:88), благодарение на одличната партија на Виктор Вембањама.
Французинот имаше учинок од 25 поени, девет скока, седум асистенции, пет блокади и пет украдени топки.
Вембањама на тој начин стана третиот играч во историјата, по Хаким Олајџувон и Андреј Кириленко, кои остварија учинок „5х5“ во повеќе натпревари во НБА. Натпревар „5×5“ е кога играчот има најмалку пет поени, скокови, асистенции, блокади и украдени топки, што е многу ретко. Тој исто така стана играч со најмногу погодени тројки (4) во еден натпревар „5×5“.
Вембањама го следеше ветеранот Крис Пол со 19 поени, 10 скока и седум асистенции.
На другата страна се истакнаа Колин Секстон со 16, Кијонте Џорџ со 15 и Џон Колинс со 14 поени и 11 скока.
Кошаркарите на Далас загубија од Хјустон, во дербито на Тексас (108:102), а сега двата тима имаат скор од 3-2 во НБА лигата.
Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа најефикасните играчи на натпреварот, но Далас не успеа да победи.
Дончиќ постигна 29 поени (12/25 од поле), имаше уште пет скока, а Ирвинг запиша 28 поени, осум скока и седум асистенции.
За Рокетс, Џејлен Грин беше најдобар со 23 поени и 12 скока, Дилон Брукс додаде 17, исто како и Алперен Шенгун, кој имаше и 12 скока.
Хјустон подобро влезе во мечот и имаше двоцифрена предност на крајот од првата четвртина.
Предноста на Рокетс растеше и разликата во еден момент беше +23, а се што можеше Далас да направи е да ја спушти на -4.
Следниот меч Хјустон го игра со Голден Стејт, додека Далас ќе се сретне со Орландо.
Предводени од Девин Букер, Феникс по голем пресврт ги победи ЛА Клиперс со 125:119.
Клиперси на полувремето имаа голема предност од 70:52, па на почетокот на третата четвртина водеа со 74:53, но и тоа не им беше доволно да победат. На крајот Букер постигна 40 поени со пет скока и осум асистенции, Ројс О’Нил имаше 21 со седум скока и една асистенција.
Кевин Дурент додаде 18, Рајан Дан 16, а Јусуф Нуркиќ постигна 11 поени со три скока и две асистенции за 23 минути.
Во тимот на Клиперс најефикасен беше Џејмс Харден, кој забележа трипл-дабл од 25 поени, 10 скока и 13 асистенции. Норман Пауел додаде 23, а одличен беше и Ивица Зубац со 22 поени со 12 скока.
Критиките на Јанис Адетокумбо од почетокот на сезоната, дека тимот не игра доволно добро, се остварија уште еднаш, овој пат на гостувањето кај Мемфис.
Гризлис победија со 122:109. Домашните во текот на целиот меч имаа предност која во еден момент изнесуваше дури 31 поен.
На Бакс не им помогна тоа што Адетокумбо го влечеше тимот, на крајот мечот го заврши како најефикасен актер со 37 поени, 11 скока и четири асистенции.
Имаше 17/22 од поле, но немаше поддршка од соиграчите, Брук Лопез постигна само 12, а Боби Портис 11 поени.
Во тимот на Мемфис Џа Морант постигна 26 поени, Санти Алдама додаде 19, а Џејлен Велс и Скоти Пипен Јуниор по 16.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сензација на 3.000 метри „стипл-чез“, Бимиш во солзи го остави фаворитот Ел Бакали

Георди Биниш од Нов Зеланд забележа сензационална победа на 3.000 метри „стипл-чез“ на Светското првенство во Токио.
Биниш во спектакуларен финиш, во последните пет метри успеа да го победи Софијан Ел Бакали, инаку двократнен олимписки и трикратен светски шампион.
Делуваше дека Ел Бакали ќе забележи лесна победа. Како и многу пати во кариерата, тој беше на задните редови, па полека забрза. На 150 метри пред целта, се проби на првото место и се чинеше дека ќе ја одбрани титулата.
Бимиш не мислеше така, кој неверојатно забрза и почна да се приближува до Мароканецот. На крајот, го помина и славеше со време од 8:33.88.
Бакали беше во апсолутен шок по трката. Легна на патеката и плачеше. Никој не можеше да го утеши за златото што му избега за пет стотинки.
Кениецот Едмунд Серем успеа да ја освои бронзата во втор план со 8:34.56.
Немаше изненадувања во финалето на фрлање кладиво за жени. Олимписката и светска шампионка Камрин Роџерс рутински ја одбрани својата круна.
Го фрли кладивото најдалеку оваа сезона 80,51, а нејзините втори и трети најдобри резултати беа повредни од постигнувањето на второпласираната Кинеска Жао (77,60) метри. Третата беше уште една репрезентатвка на Кина Жанг со 77,10.
Foto/ EPA
Спорт
Бекер: Новак, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25-та Гренд Слем титула

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, се сомнева дека Србинот некогаш ќе стигне до 25-та Гренд слем титула.
Бекер гостуваше во подкастот, кој го води со Андреа Петковиќ, меѓудругото рече дека 2026 година вероајтно ќе биде последна во кариерата на Ѓоковиќ.
„Тој игра против Синнер или Алкараз и не знае колку долго ќе трае неговата кариера на Гренд слем турнирите. Ова е прв пат отворено да зборуваме за 2026 година како негова последна кога станува збор за четирите најголеми турнири“, рече Бекер, додавајќи:
„Тој спомена дека сè уште може да се натпреварува со најдобрите, тоа е вистина, но зошто сè уште игра тенис? Да ги освои Рим и Монте Карло или 25-та титула на Гренд слем? Мислам дека е второто. Верувам дека не може да го постигне тоа, со оглед на возраста и силата на помладите играчи.“
Во 2025 година, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на сите четири Гренд слем турнири, но не успеа да се бори против водечкиот дуо на светскиот тенис.
Тој ја освои 100-та титула во кариерата (турнирот во Женева) и со тоа стана првиот играч кој кренал барем еден трофеј 20 години по ред.
Спорт
Панатинаикос го отпушти Руи Виторија

Португалскиот стручњак Руи Виторија повеќе не е тренер на Панатинаикос, објави клубот од Атина.
„Ти благодараме Руи. Ти посакуваме се најдобро во следната поглавје од твојата кариера“, се вели во објавата на Панатинаикос објавено на социјалната мрежа „Икс“.
Виторија (55) доби отказ по лошиот влез во сезоната. Панатинаикос освои само еден бод во првите две кола од грчкото првенство.
Следниот викенд, Панатинаикос го пречекува Олимпијакос во најголемото дерби на грчкиот фудбал, а клубот подоцна ќе објави кој ќе го наследи Виторија на клупата.
Претходно, атинските зелени беа елиминирани од Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лигата на шампионите, но успеаја да се квалификуваат во главната фаза во Лига Европа.
Во второто најсилно европско клупско натпреварување, Панатинаикос ќе игра против Јанг Бојс, Го Ахед Иглс, Феенорд, Малме, Штурм, Викторија Пилзен, Ференцварош и Рома.