Спорт
Застрелан поранешен играч на Хајдук и Риека
Марио Мештровиќ, поранешен фудбалер, бил застрелан во четвртокот вечерта во Винковци и ранет во ногата, јавуваат хрватските медиуми.
Непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон 54-годишниот Маријо Мештровиќ, поранешен играч на Хајдук, Риека и Цибалија. Напаѓач со фантомка на главата го пресретнал кога излегувал од спортската сала во Винковци и пукал во него.
Мештровиќ е префрлен во болница и е надвор од животна опасност. Полицијата започна опсежна потрага по напаѓачот.
Во текот на кариерата Мештровиќ играше за Цибалија, Хајдук Сплит, Депортиво Алавес, Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба, Хапоел Ерусалим и Риека.
На официјалниот сајт на Хајдук се наведува дека Мештровиќ постигнал осум гола на 85 настапи за клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лаутаро: На нивото сум на Халанд и Мбапе, заслужив повеќе од седмо место во изборот за Златната топка
Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер и на аргентинската репрезентација, е разочаран од седмото место во изборот за Златната топка за сезоната 2023/24. Пред него беа Родри, Винисиус, Белингем, Карвахал, Халанд и Мбапе.
„Немам на што да им завидувам на Халанд, Мбапе, Кејн и Левандовски. На нивното ниво сум. Разочаран сум само од седмото место и очекував повисок пласман по одличната сезона што ја имав“, изјави Лаутаро.
Во текот на 23/24 ја освои италијанската титула со Интер, а јужноамериканската титула со Аргентина, придонесувајќи за споменатите трофеи како најдобар стрелец и во натпреварувањата во Серија А и во Копа Америка.
На страната не Лаутаро е и неговиот капитен Лионел Меси: „Лаутаро ја заслужува Златната топка повеќе од било кој бидејќи имаше одлична сезона“.
Хавиер Занети, сонародникот на Мартинез и легенда на Интер, додаде: „Сите очекувавме тој да биде подобро пласиран, но така е со наградите. Тие не се секогаш фер. Лаутаро мора да остане смирен бидејќи освои многу и го заслужи признанието на сите оние што играат фудбал“.
Спорт
Левандовски ја има најголемата плата во Ла Лига
Шпанскиот медиуми „АС“, ја објави листата на најплатените фудбалери на Ла Лига според „Каполоџи“. Платите се наведени во бруто износ, односно пред оданочување и се посочува колкав е приходот неделно и годишно.
Листата ја предводи напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, кој годишно заработува нешто повеќе од 33 милиони евра, два милиони повеќе од Килијан Мбапе од Реал.
Меѓу десетте најплатени во Шпанија е и голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Тој има иста плата со ѕвездите на Реал, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.
10-те најплатени фудбалери во Шпанија:
1. Роберт Левандовски, Барселона. Неговата неделна плата 640.962 евра. Годишна плата 33,3 милиони евра.
2. Килијан Мбапе, Реал. Неделната плата 600.962 евра. Годишна плата 31,2 милиони евра.
3. Давид Алаба, Реал. Неговата неделна плата 432.692 евра. Годишната плата 22,5 милиони евра.
4. Џуд Белингем, Реал.
Јан Облак, Атлетико Мадрид,
Винисиус, Реал. Неделната плата 400.577 евра. Годишна плата 20,8 милиони евра.
5. Френки Де Јонг, Барселона. Неделната плата 365.385 евра. Годишната плата 19 милиони евра.
6. Федерико Валверде, Реал. Неговата неделна плата 320.577 евра. Годишната плата 16,6 милиони евра.
7. Тибо Куртоа, Реал. Неговата неделна плата 288.462 евра. Годишната плата 15 милиони евра.
8. Антонио Рудигер, Реал.
Едер Милитао, Реал.
Неделната плата 280.385 евра. Годишната плата 14,5 милиони евра.
9. Ансу Фати, Барселона. Неделната плата 268.269 евра. Годишна плата 13,9 милиони евра
10. Жил Кунде, Барселона. Неговата неделна плата 260.577 евра. Годишната плата 13,5 милиони евра.
Спорт
Иванишевиќ ќе и биде тренер на Елена Рибакина
Горан Иванишевиќ ќе биде нов тренер на Елена Рибакина. Иванишевиќ во март се раздели со Новак Ѓоковиќ и тогаш најави дека ќе оди на одмор „барем до септември“.
Помина уште малку, Зец ќе паузира до крајот на сезоната, но подготовките ќе ги започне со Рибакина, шампионот на Вимблдон од 2022 година, кој неодамна раскина со Стефан Вукова.
Се шпекулираше дека Иванишевиќ ќе соработува со Беретини, Циципас и некои други имиња, но на крајот тој реши да се префрли во женскиот тенис.
Претходно Иванишевиќ го освои Ју-ес опен со Марин Чилиќ во 2014 година, а соработуваше и со Милош Раониќ. Како тренер на Ѓоковиќ освои 12 Гренд слем титули.
Рибакина ја прекина соработката со поранешниот тренер Стефан Вуков пред Ју-ес опен, каде Елена реши да се повлече пред натпреварот од второто коло.
Најголем успех во нејзината кариера е титулата на Вимблдон во 2022 година.
Официјално соработката меѓу Иваниѓевиќ и Рибакина ќе започне на 1.јануари 2025 година.